Како да му се помогне на дете, ако некој го задева (булинг)

4306
Booking.com INT

Понекогаш е тешко да се носиме со тоа, но најважно е да се разбере своето дете и детето тоа го знае и го чувствува. Послушајте ги проблемите на детето и објаснете му дека целосно се разумни и дека во ред е така да се чувствува. 

Bitcoin Exchange CEX.IO

Пружете му сигурност и не се обидувајте да го убедите да не се чувствува така; тоа не е вистинскиот пат. Додека ви ги објаснува своите проблеми, повторувајте ги неговите мисли и чувства користејќи фрази како: „Знам дека си загрижен”.

Кога ќе го убедите дека сочувствувате со него, поквалитетно ќе ги прифати вашите совети и помош. Покажете му дека сите се загрижени поради нешто, па дури и возрасните. Но, повторно, покажете му дека се може да се реши и дека работите ќе бидат подобри. Докажете му дека прв почеток е разговорот кој го водите. Поминете заедно низ некои стратегии.

Пробајте да одглумите состојба што би направиле вие ако некој ве задева. Глумете, вие бидете тој кој го задеваат и покажете како вие би се снашле во таква состојба.

деца се подбиваат
Деца се подбиваат

Најдобар лек е ако го научите вашето дете да го игнорира тој што го задева, бидејќи во најголем број на случаи тоа престанува да му биде интересно и едноставно се откажува, но ако тоа тоа не се случи, ќе треба да ги алармирате соодветните органи.

Иако децата најчесто таквите состојби сами ги решаваат, бидете покрај него и следете што се случува. Понекогаш треба да се разговара и со професорите во училиштето или со родителите на другото момче или девојче, кое е насилник.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...