КАКО ДА СЕ ПРЕПОЗНАЕ ВИСТИНСКИ МЕД? Со овие 10 трикови, продавачите никогаш нема да можат да ве измамат | Видео

2126
Booking.com INT

Како да идентификувате вистински мед и како да бидете сигурни дека сте купиле природен производ, а не мешавина на вештачки шеќери и арома? Еве неколку едноставни трикови!

Bitcoin Exchange CEX.IO

Медот содржи витамини А, Д, Ц, Е, К и Б, минерални соли, микроелементи … калциум, магнезиум, јод, натриум, калиум, фосфор, цинк … Бакарот, кобалтот и железото во медот се погодни за лекување на анемијата, а медот содржи и аминокиселини, ензими и органски киселини потребни за да се изгради и да функционира организмот.

Секојдневната употреба на медот може да му помогне на човекот поефикасно да го одржи здравјето и да го продолжи својот работени и животен век. Се препорачува за 60 до100 грама за возрасни и за деца до половина од оваа количина на ден.

Иако живееме во свет на брза заработувачка каде што многумина не се грижат за квалитетот на производите што се продаваат, туку им е битно да полесно да дојдат до пари со малку труд и вложувања, и кај продавачите на мед има идентичен проблем.

Медот не е баш евтин производ, па најдобро е да се информирате дазнаете однапред дека сте издвоите пари за вистински, високо квалитетен мед.

Постојат многу лесни, корисни и практични совети за да дознаете:

1. Земете малку мед и протријте го меѓу палецот и показалецот додека не се распадне. Чистиот мед е добар за кожата и не е леплив. Ако почне да се лепи, значи дека содржи шеќер или некој друг дополнителен засладувач.

2. Ставете неколку капки мед на хартија или на марамче. Чистиот мед не содржи вода и ќе му биде потребно повеќе време да продре низ хартијата.

3. Пчелите инстинктивно прават кошница на дрвјата и помеѓу карпите за да се заштитат од мравки. Ставите малку мед кај мравките и ќе видите дека нема да го допрад медот ако во него нема вештачки шеќер.

4. Малку мед промешајте со жолчка од јајце. Ако медот е чист, жолшката ќе изгледа како да е сварена.

5. Ставете една лажичка мед во полна чаша вода. Вештачкиот медот ќе почне да се раствора, а чистиот мед ќе се згусне и ќе се спушти до дното.

6. Намачкајте го медот на парче леб. Природниот мед ќе го стврдне лебот за неколку минути, додека вештачкиот мед ќе го навлажни лебот поради водата што ја содржи.

7. Непосредно пред голтање вистинскиот мед ќе ви даде чувство на боцкање во устата додека лажниот мед го нема тој ефект.

8. Ако вашиот мед се кристализиран со текот на времето, тоа е добар знак. Имитацијата на медот ќе остане мазен како сируп, без разлика на тоа колку долго ќе го чувате, додека вистинскиот мед ќе кристализира.

9. Врвот на шкорчето потопете го во мед и обидете се да го запалите. Природниот мед нема да пречи на запаленото шкорче да гори, за разлика од “лажниот” кој содржи вода.

10. Ставете 2-3 лажици мед во микробранова печка. Загрејте на висока температура. Природниот мед брзо ќе се карамелизира и нема да се запени, додека лажниот мед тешко ќе се карамлизира и ќе биде полн со меурчиња.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...