Како да се стекне почитување кај децата | Што да правите кога синот е безобразен кон таткото

3118

Познатиот педијатар, Евгениј Комаровски има совет за сите оние кои сакаат да изградат со детето однос заснован на взаемно почитување.

Иако денес повеќе отколку порано се грижиме за своите најмлади, се чини дека тие се помалку имаат респект кон нас. Зошто тоа е така и кој е вниновен за тоа, објаснува славниот украински педијатар Евениј Комаровски.

Денешните деца дефинитивно не знаат да покажат почитување кон своите родители, барем не онака како што постарите генерации им изразувале на своите, а за минатите генерации да не зборуваме. Тоа воедно е и еден од поважните показатели за тоа каде сите ние како општество одиме, во светот на отуѓувањето, а за децата се грижиме повеќе од кога било.

loading...

Меѓутоа дека тоа дефинитивно не е така докажа познатиот украински педијатар докторот Комаровски со еден кус одговор на прашањето на едни родители.

– Нашиот постар син кој има седум години често кон нас се однесува безобразно без почитување. На својот татко често му одговара и се однесува премногу арогантно. Ве молам, кажете ни што да правиме како да го смениме?

Доктор Евгениј Комаровски одговори кусо: „Ако сакате вашиот син малку повеќе да го почитува својот татко, тоа нема да го добието со теорија. Можете вие на вашиот син да му зборувате што било, но додека вашиот син не доживее ситуација во која неговиот татко знае повеќе отколку тој самиот, во која неговиот татко може да направи повеќе, во која ќе ја покаже својата интелигенција, својата машкост, во која своето дете навистина ќе го научи на нешто, дури тогаш детето ќе научи да го почитува“.

– А детето никогаш нема да научи ако таткото не биде покрај него. Модерните татковци многу работат и имаат многу малку време за своите деца, затоа што заработуваат. Сепак, детето се уште не може да разбере тој концепт затоа што реално се уште не знае ништо за реалниот живот. Почитување не се учи со зборови, тоа се заработува со дела, додава тој.

loading...