Како да се хакира меморијата за да се сетиме на сѐ | Од реномиран научник: “Меморијата може да биде зајакната со користење на три клучни техники”

3421

Со меморијата се манипулира секој ден, вели д-р Јулија Шо, од политиката до рекламирањето.

Кога Јулија Шо зборува за хакирање на меморија, таа не зборува за кражба на информации. Напротив, таа како научник, психолог и виш предавач во Лондон на универзитетот London South Bank, зборува за тоа како можеме да ги промениме спомените, одн. да се осигураме дека никој друг нема да ги промени, додека ние ги зајакнуваме нашите спомени, пишува Wired.

“Зборуваме за идејата некој да може да влезе во вашите спомени или самите да можете да влезете во своите спомени и да манипулирате со нив”, рече Шо.

loading...

Сеќавањата се најчесто поврзани со нашите лични искуства, но квалитетот на спомените може да има значајни импликации во политиката и судските случаи. Кога станува збор за манипулација со човечки сеќавања, менување на она на што луѓето се сеќаваат може да има големо влијание врз реалниот живот на луѓето.

“Поттикнувајте ја личноста постојано да си претставува некој настан кој навистина се случил. Така, меморијата на личноста на некој настан ќе ја поматите, а тоа е првиот чекор кон менување на нечии сеќавања на одреден настан “, објаснува Шо.

Како тогаш да се спречи некој да не ги расипе вашите спомени? “Ако сфатите како може да се манипулира со спомените, тогаш тие техники можете да ги примените и за зајакнување на сопствените спомени”, објаснува Шо.

Шо укажува дека меморијата може да се поттикне со користење на три клучни техники. “Трагата на вашите спомени мора да биде голема. Што значи тоа? Кога се обидувате да се сетите на некој настан, замислете како сте се чувствувале кога сте биле таму, како изгледа тоа место, како мириса. Како се чувствувате во тој момент? Ќе имате подобра меморија, ако ги направите спомените почувствителни “, вели Шо.

Шо понатаму забележува дека е најдобро дел од информациите за некој настан да се запише, со оглед на тоа дека меморијата, без разлика колку да е силна, сепак е кревка. “Ќе претерате во проценката на работите од меморијата, тоа е неизбежно. Исто така, не ги запишувајте мислењата и искуствата на другите луѓе. Вашата меморија е она што го сакате, а не вашата и на некој друг”, додава.

Последната техника која Шо ја наведува е поврзување на настаните со некои необични елементи. “Треба да ја направите меморијата необична и одлична. Подобро ќе ги запаметите работите кои се сосема различни од обичните, бидејќи со тие спомени сте подолго во интеракција “, вели тој.

Шо понатаму објаснува дека на манипулацијата во меморијата значително се потпира рекламирањето и дека рекламите во човечкиот мозок создаваат линкови кои сами по себе не се присутни. Така, на пример, Кока-Кола се поврзува со среќата. Поврзувањето на производите со емоциите подоцна влијае на луѓето при донесувањето на одлуки за купување “, вели Шо.

Тоа се случува и во модерната политичка комуникација. Политичарите како Доналд Трамп се обидуваат да го поврзат својот лик со позитивни емоции. “Политичарите се потпираат на претпоставката дека нема да се сеќавате на ништо. Тие знаат дека е лесно да ги збунуваат луѓето и да ги променат нивните сеќавања “, објаснува. Шо.

Шо додава дека со промена на сеќавањата на луѓето може да се влијае на донесување одлуки и дека луѓето се особено ранливи кога станува збор за пропаганда и тоа воена.

loading...