Како изгледа Киа Пиканто за 2017 година

873

Киа ги објави првите официјални цртежи на новата генерација на малиот градски модел Пиканто. 

Актуелниот модел кој дебитираше во 2011 година, наскоро ќе добие свој наследник, а судејќи врз основа на дизајнерските скици, третата генерација донесува голем напредок во однос на Пиканто кое заминува.

Стилски, автомобилот е поатрактивен од претходникот. Променети се и пропорциите, па Пиканто изгледа за број поголем во споредба со моделот кој заминува.

Со нова маска, преден браник и фарови, потсетува на новото Рио, кое е претставено во септември. Верзијата која е прикажана на цртежите има проширени ивици на блатобраните, што заедно со по агресивниот преден дел на автомобилот дава спортска нота.

Унапредена е и внатрешноста во која доминира централно поставен дисплеј со мултимедијален систем. Иако треба да се потенцира дека на скицата е претставен автомобил со најбогата пакет опрема и автоматски менувач, впечаток е дека ентериерот е многу подобар и по луксузен од актуелниот Пиканто.

Се очекува новиот модел да има премиера во почетокот на 2017 година, најверојатно на женевскиот авто-салон, а ќе има погон со 1.0 и 1.2 литарски мотори.

loading...