Како лекарите се штитат од ракот | Еве 8 одговори

4252

Ракот е една од водечките смртни болести во светот!

И покрај тоа што медицината многу напредувала, сè уште има многу нешта кои треба да се направат, како во превенцијата така и во лекувањето.

И затоа мораме барем да се обидеме да спречиме сериозни болести и да го намалиме ризикот од нивно појавување. А како лекарите и другите здравствени специјалисти се штитат од ракот?

1. Да тргнеме од кожата …
Дерматологот Joseph Sobanko од Универзитетот Пенсилванија секое утро користи заштитен фактор 30 со цинк или титаниум диоксид, бидејќи нашата кожа е таа која ја добива наградата за “најверојатно добивање рак”, пренесува Women’s Health.

2. Добар појадок
Во борбата против ракот помага исхраната богата со зеленчук, влакна и омега 3-масни киселини. Онкологот Philippe Spiess за појадок јаде тортиља со јајца. Во тава загрејте една четвртина чаша спанаќ и измешајте ја со жолчка од јајца и шолја белка од јајца. Сето тоа завиткајте во тортилја од цели зрна со малку сирење, третина авокадо и лажичка лут сос.

3. Без пластика, ве молам
Урологот June Chan својот ручек за работа никогаш не го прави во пластични чинии кои можат да содржат хемикалии и да предизвикаат рак. Својата салата од кељ, фета сирење, семки од тиква и суво грозје ги става во стаклена тегла.

4. Движењето е задолжително
Онкологот Keith McCrae, и покрај својата исцрпувачка работа вежба, дури шест дена во неделата. Тој сака да вози велосипед, а во корист на вежбањето како превенција од рак зборува и истражувањето кое потврдило дека луѓето кои имаат два и пол часа умерена активност неделно имаат 31 отсто помал ризик од смрт од рак отколку оние кои воопшто не вежбаат.

5. Јаткасти плодови
Онкологот Matthew Yurgelun за ужина избира бадеми или ф’стаци.

Тоа е одличен начин да ја задоволам гладта и желбата за масна или слатка ужина кои придонесуваат за зголемување на телесната тежина, вели.

Дури и една студија покажала дека пушачите кои јадат јаткасти плодови го намалуваат ризикот од рак на белите дробови. Јадете 20 до 24 парчиња јаткасти плодови дневно.

6. Рибата е одличен избор
Урологот Christopher Saigal јаде риба, но не и месо. Неговата типична вечера е лосос со кафеав ориз и зеленчук. Јадете го овој оброк два пати неделно.

На моите пациенти им велам дека храната здрава за срцето е поврзана со помал ризик од рак на простатата.

7. Збогум на хроничниот стрес
И хроничниот стрес може да биде виновник за ракот. Урологот Nelson Bennett советува една вежба: Затворете ја вратата и седнете, намалете го телефонот. Вдишете воздух длабоко низ носот и издишете го преку устата и така десет пати. Затворете ги очите и слушајте ги звуците околу себе, дури и зуењето на флуоресцентните светла. Потоа фокусирајте се на својот здив. Не грижете се ако мислите ви заталкаат. Бидете упорни и ќе навежбате!

8. Пијте зелен чај
Зелениот чај е богат со антиоксиданти. Онкологот Alan Wan пие чаша зелен чај секое утро. Едноставно, а корисно.

loading...