Како на време да се спречат болестите на срцето

450

Секојдневно брзо шетање може да го намали ризикот од срцеви болести за една четвртина кај жените помлади од 50 години, покажа едно ново истражување.

Експертите велат дека не е важно како вежбате, се додека тоа го правите барем 2,5 часа неделно.

Дури и жените со вишок килограми можат да го намалат ризикот од срцеви болести со вежбање. Ползата од физичката активност за здравјето на срцето е добро позната, но многу истражувања се спроведени на средовечни или повозрасни луѓе.

Иако смртноста од срцевите болести релативно е ниска кај жените на возраст од 25 до 54 години, не е забележан пад на бројот на оние кои починале од вакви болести, покажа студијата на Американското здружение за превенција на болестите на срцето, објавена во списанието „Сиркулејшн”.

Една од авторките на студијата, професорот Андреа Чомистек од Универзитетот во Индијана вели дека нивната цел била да ја проверат можноста за превенција на срцевите болести кај младите жени.

Како на време да се спречат болестите на срцето

– Сакавме да дознаеме што младите жени можат да направат за да ги намалат шансите за заболување од срцеви болести, вели таа.

Меѓу жените на возраст од 27 до 44 години, кои учествувале во студијата, е откриено дека оние кои во слободното време имале најмногу физички активности имале 25 отсто помал ризик од болести на срцето.

Активностите не мора да бидат интензивни, за да се има корист од нив, но истражувачите велат дека тие се поефикасни при брзо одење во текот на прошетки.

Истражувањето се темели на зачестеноста, траењето, интензитетот и типот на физичката активност меѓу 97.000 жени.

loading...