Како полесно да ја намалите тежината | Помалку храна или повеќе вежби?

1154
Booking.com INT

Не постои дилема за реномираниот експерт, големото истражување дало одговор.

Bitcoin Exchange CEX.IO

И ова година истата приказна. Сакате да симнете неколку килограми, а веќе го знаете рецептот: “Јадете правилно и вежбајте”.

Но, која од тие две работи ќе направи поголема разлика во тоа настојување? Дали е подобро да одите четири пати неделно во сала за вежбање или да изедете салата наместо чипс?

За Philip Stanforth, професор на Универзитетот во Тексас, и извршен директор на локалниот институт за физичката кондиција, не постои дилема.

“Кога е во прашање губење на тежина, анализите покажале дека исхраната игра многу поголема улога отколку вежбањето”, вели Stanforth за Science Alert.

Еве зошто: за вежбање е потребно време и постојана работа, вложување напор и потребно е повеќе време за да ги видите резултатите.

“Покрај тоа, со вежбањето се трошат помалку калории отколку што повеќето луѓе мислат”, додава професорот.

Од друга страна, постојат многу нешта во нашата исхрана богата со шеќери, масти и калории од кои можеме да се откажеме и релативно брзо да се види промена во делот наречен половина.

“Мора да пропешачите 56 километри за да потрошите 3.500 калории. Тоа е многу одење. А едно чоколадо има околу 500 калории. Многу полесно е да го прескокнете чоколадото отколку да одите осум километри”, објаснува Stanforth.

Науката го потврдува она што зборува Stanforth. Големата студија спроведена на повеќе од 3.000 луѓе, објавена пред неколку години во American Journal of Clinical Nutrition покажала дека исхраната со помалку калории била поефикасна во губењето тежина од вежбањето.

Но, вежбата е важна подоцна. Други студии покажале дека луѓето кои успеваат да изгубат килограми најдобро можат да ја одржат таквата тежина со редовно вежбање. Дополнително, вежбањето го подобрува расположението и му помага на телото подобро да се носи со стресот, депресијата и анксиозноста.

Значи, ако сакате оваа година да изгубите килограми, размислете за менување на начинот на вашата исхрана. А ако сакате да останете на истата, започнете со активност.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...