КАКО СЛАБО ОБРАЗУВАНА ДЕВОЈКА ОД СКРОМНО СЕМЕЈСТВО ПОЧНАЛА ДА ЗАРАБОТУВА 35 000 ЕВРА МЕСЕЧНО | Видео

4279

“Мајка ми ми вели дека само седам пред компјутер и ништо не работам”.

Кинеска Леле Тао има 24 години. Таа не доаѓа од богато семејство, не дипломирала на колеџ и нема постојана работа, но сепак заработува речиси 450 000 евра годишно. Таа е една од девојките кои во живо на интернет ги пренесуваат своите таленти, разговараат со обожувателите, си играат со нив … Фановите тоа го плаќаат, па Леле заработува повеќе пари отколку што нејзините родители некогаш виделе.

Леле Тао е пејачка и бидејќи не била задоволна од нејзиниот изглед, не успеала како тинејџерка да влезе во шоу бизнисот. Затоа со 18 години, пробала live streaming кој е многу популарен во Кина, и околу него се вртат огромни суми, иако нема голотија, секс, па дури и разговор за сексот.

loading...

Ја штити еден од најпознатите кинески агенти Макс, кој воедно ја води агенцијата за стриминг, ѝ помага во бизнисот и со обожавателите. Стотици милиони луѓе плаќаат за да гледаат девојки како Леле која најчесто им пее или, ако сакаат, игра со нив онлајн видео игри.

Девојките кои пренесуваат во живо, пеат, рекламираат производи или едноставно само јадат, заработуваат вистинско богатство на виртуелни подароци. Имено, обожавателите самоиницијативно им нудат и купуваат подароци во вредност од неколку илјади долари.

Леле работи во мало студио пред веб камера, а во спалната соба никогаш не снима. Има околу еден милион фанови.

– Никогаш не сум била пред камери без шминка. Многу се плашам. Се плашам дека ќе ги изгубам фановите – искрено раскажуа за BBC.

Таа не е против пластична хирургија, но мисли дека за оваа работа не ѝ е потребна. Вели дека лесно се трансформира со помош на шминка.

Го помни и првиот месец од оваа работа. Заработила 2.800 долари за само 15 дена од преносот. Денес заработува шестоцифрени износи месечно, но се чувствува оптоварено.

Таа вели дека е постојано е под стрес затоа што доаѓаат поубави и помлади девојки од неа и се плаши дека времето ќе ја прегази, дека ќе ги загуби фановите, и дека повеќе нема да им биде интересна.

Но, додека тоа не се случи, Lele ужива во заработката од околу 450.000 долари – за како што кажуваат нејзините родители – седење пред компјутер.

loading...