Камени кругови | Мистериозно потекло | Фото/Видео

601

Околу настанувањето на овие мистериозни камени структури и натаму се полемизира во академските кругови, но по се изгледа дека вистинската причина за нивното потекло засекогаш ќе остане мистерија.

Ширум Шкотка се наоѓаат камени структури во различни форми, често поставени во круг. За два такви камени кругови, Стенес на Оркнијските Острови и Каланиш на островот Луис се верува дека спаѓаат меѓу најстарите во Велика Британија (пет илјади години).

Секое до сега спроведено истражување открло факти поврзани со тогашната заедница и поставувањето камени структури, но вистинското потекло останало само претпоставка.

loading...

Стенес и Каланиш се изградени пред пет илјади години во Каменото доба. Во тоа време заедниците веќе живееле како земјоделци.

Академикот Александер Том неколку децении ги проучувал британските камени структури. Поради нивната геометриска точност и покрај фактот дека камењата се со различна форма, Том претпоставува дека камењата служеле како опсерваторија, места за набљудување на ѕвездите.

Педесет години по неговото истражување, истражувачите се осврнаа на неговата замисла.

Главниот автор на новата студија Гејл Хигинботом од Универзитетот Аделаида во Австралија, заклучи дека местата каде се поставени камените кругови, посебно се одбрани за да можат да ги покажат најекстремните точки на залезот и излезот на Сонцето и Месечината.

kameni krugovi

– Нивното разбирање на универзумот подразбирало дека се менува циклично и дека е создаден од спротивности. Темно и светло, север и југ, ноќ и ден, наведува Хигинботом.

Ова сфаќање за потекло на камените структури наиде на голем број критики. Кенеди Брофи од Универзитетот Глазвгов во Шкотска смета дека елементот на астрономска активности можеби влијаел врз поставување на некои кругови, но не може поткелото на сите кемени кругови да се сведе на тоа објаснување.

За Брофи круговите претставуваат ритуал и моќ. Местото каде се поставени одбрани се заради својата специфична историја за која луѓето тогаш биле поврзани.

– Луѓето не го гледале небото. Тие се обидувале да го согледаат земјиштето, рече Брофи.

loading...