Канапеи на четири начини

467

Канапеи се вкусни, ситни, мали залачиња, кои се и убаво декорирани и примамливи за очи. Залачиња се затоа што се предвидени да се јадат веднаш, со само еден залак. Без канапеи не може да има било каква забава со повеќе или помалку гости. 

Канапеите се измислени од французите и се служат најчесто на коктел забави.

Канапеите се прават од крекери, лиснато тесто, багети или тесто со путер. Од горе се декорираат и полнат со состојки по желба, а најпозната варијанта се крекери со чаден лосос, крем сирење и копар.

loading...

Има многу варијации на тема полнење на канапеи: риба, месо, домашни паштети, кавијар, најразлични сирења…

Канапеи со сушени домати во маслиново масло

На десет парчиња леб од багет ставете: рукола, сушени домати во маслиново масло и камемберт

 Канапеи со пршута

На десет парчиња леб од багет ставете: пршута, авокадо и сушени домати во маслиново масло

 Канапеи со лосос

На десет парчиња леб од багет ставете: лосос, маслинки и семки од сончоглед

Канапеи со сувомеснато

На десет парчиња леб од багет ставете: сувомеснато по желба, камемберт, маслинки и рукола Сите направени канапеи зачинете ги со свежо мелен бибер. Канапеите се служат веднаш по нивното подготвување.

loading...