Капиа кебап (традиционално турско јадење)

134

Ова традиционално јадење повторно ќе сакате да го подготвите …

Потребно

  • 500 гр мелено месо (јагнешко, јунешко или пилешко)
  • 4 чешниња лук
  • 1 голема или две помали црвени пиперки
  • 1 лажица ајвар
  • сол, бибер
  • прстофат мелена лута црвена пиперка
  • прстофат цимет
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица сецкан свеж магдонос
  • 1 жолта пиперка
  • 1 домат
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 помали тиквички
  • сол, бибер
  • неколку листови босилек или нане

Подготовка

  • Во еден сад ставете го меленото месо и додадете ги ситно сецканата пиперка, магдоносот, ситно сецканото лукче, сол, бибер, ајвар, лута мелена пиперка, маслиново масло и цимет и убаво измешајте за да се спојат сите состојки.
  • Тиквичките исечете ги на тркалца и посипете ги со сол и бибер.
  • Намастете ја земјаната тава во која ќе печете. На дното ставете ги тиквичките. Над тиквичките ставете ја смесата со мелено месо и израмнете ја. Потоа ставете го сецканиот домат и пиперката (види ја сликата).
  • Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 20 минути.
  • Послужете го со пита леб и кисело млеко или таратор.
loading...