Кардиолозите со нов став | Хипертензија е од 130/80

1416

Американските кардиолози објавија измена на дефиницијата за хипертензија, па сега оценуваат дека таа започнува кога крвниот притисок ќе достигне 130/80, наместо претходниот притисок од 140/90.

„Превидок крвен притисок е дефиниран како систолен притисок од 130 милиметри од живиниот столб и дијастолен притисок од 80 мм“, се наведува во новите насоки објавени во списанието „Хипертензија“ на Американскиот колеџ за кардиологија.

Упатството е претставено неделава, на годишната конференција на Американското кардиолошко здружение во Анахајм, во Калифорнија. Со првата ревизија на насоките за хипертензија од 2003 година, се добива нова дефиниција, според која 46 проценти од возрасните Американци имаат превисок крвен притисок, додека претходно беа 32 проценти. Со новите насоки се елиминира категоријата пред-хипертензија”, која се однесуваше на систолен притисок од 120 до 139 и дијастолен меѓу 80 и 89.

loading...