Касулет (Cassoulet)

600

Касулет е традиционално француско јадење со грав и колбаси …

Потребно
4 свежи колбаси за на скара (околу 400 гр)
150-200 гр месната чадена сланина
маслиново масло
2 главици црвен кромид
4 чешниња лук
500 гр праз
1 гранче темјан
1 гранче рузмарин
1 лист ловор
1 лист жалфија
крупна морска сол
крупно мелен бибер
1 конзерва црвен грав
1 конзерва бел грав
400 мл пасирани домати
1/2 црвена чили пиперка

За трошките од леб
6 кришки тост или бел леб
100 мл маслиново масло
крупна морска сол
крупно мелен бибер
2 чешниња лук
2 лажици сецкан темјан
1/2 црвена чили пиперка
6 листови жалфија

Подготовка
– Сланината исецкајте ја на ленти. Кромидот исечете го на тенки ленти, а лукот на листови. Отстранете го зелениот дел од страковите праз, а пола од белите делови исечете ги на ленти со ширина околу 0,5 см. Измијте ги гранчињата темјан и рузмарин, исушете ги и искинете ги на три дела. Пиперчињата ситно исецкајте ги. Загрејте ја рерната а 200 целзиусови степени.

– Во тава на маслиново масло пропржете ја сланината на умерена температура. Зголемете ја температурата и додадете ги лукот, кромидот, листот ловор, жалфија, темјанот, рузмаринот и полијте со малку вода. Пржете со повремено мешање додека да испари течноста.

– Во друга тава на малку маслиново масло испржете ги колбасите од секоја страна по 1-2 минути. Потоа тавата ставете ја во загреана рерна и запечете ги околу 10 минути.

– Потоа во садот со празот ставете ги двата вида грав (заедно со течноста), пасираните домати и чили пиперчето. Зачинете со сол и бибер и оставете на тивко да се динста околу 10 минути.

– За трошките од леб, кришките леб исечете ги покрупно и ставете ги во блендер. Прелијте ги со маслиново масло, зачинете со сол и бибер, додадете ги излупениот и преполовен лук, темјанот и сецканото чили пиперче и убаво иситнете ги.

– Колбасите извадете ги од рерна. Садот со зеленчукот тргнете го од рингла и посипете со половина од трошките од леб. потоа наредете ги колбасите над трошкитеи посипете со преостанатите трошки. Листовите жалфија во рака полијте ги со неколку капки маслиново масло, внимателно истријте ги и наредете ги одозгора. Садот ставете го во загреаната рерна и печете околу 10 минути.

loading...