КАТАЛОНСКИТЕ ЛИДЕРИ ПОБЕГНАЛЕ ВО БЕЛГИЈА! На Пуџдемон му се закануваат 30 години затвор за бунт и отпор кон властите

1774
Booking.com INT

Целото каталонско раководство побегнало во Брисел, пренесува La Vanguardia. Друг весник со седиште во Барселона, El Periodico, уште порано напишал дека Пуџдемон бил во белгиската престолнина.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Шпанците денеска објавиле дека ќе поднесат обвинение против каталонските лидери поради бунтот, што според шпанскиот закон значи дека Пуџдемон и пријателите би можеле да добијат 30 години затвор. Претходно, Белгија им понудила азил.

Шпанскиот државен обвинител, Jose Manuel Maza, денеска повика да се подигнат обвиненијата против каталонските лидери заради бунт и непослушност кон шпанските власти, пишува Reuters.

Jose Manuel Maza

Покрај тоа, државниот обвинител смета дека каталонските лидери треба да бидат обвинети за нелегално користење на средства од буџетот.

Максималната казна за бунт во Шпанија изнесува 30 години затвор, а за непослушност 15 години затвор.

Во согласност со шпанскиот судски систем, ова барање оди на разгледување кај судијата, кој Maza го побара и да ги повика “сепаратистичките” водачи за да сведочат.

Сменетиот Каталонскиот претседател Пуџдемон ова утро објави на Instagram фотографија од зградата на претседателската палата со пораката “Добар ден”, но таму не беше виден, јавува “Гардијан”.

Кон претседателската палата се упатила и претседателката на парламентот Carme Forcadell, но шпанските медиуми објавиле дека почнала да го “пречистува распоредот” по одлуката за распуштање, која е донесена во Мадрид.

Carme Forcadell

Единствениот кој останал во зградата бил министерот за одржливост Joseph Roll кој на својот Твитер профилот ја објавил фотографијата на својата работна маса. Сепак, набргу потоа и тој ја напуштил претседателската палата.

Од друга страна, стотици граѓани и новинари исчекуваат пред владината зграда дали Пуџдемон ќе излезе. Каталонската полиција, со нивниот шеф, добила наредба да врши надзор над напуштањето на канцеларијата, а официјалните лица денес треба да ги изнесат своите работи, инаку би можеле да бидат исфрлени.

– “Сѐ уште чекаме да видиме што ќе се случи”, изјави еден полицаец на влезот. Неколку комбиња на каталонската полиција се наоѓаат покрај зградата. Активистите за независноста го истакнале каталонското знаме пред влезот, додека неколку застапници на шпанското единство го поставиле своето.

Поддршка од Корзика, “азил” од Белгија

1. Исто така пристигнала и една поддршка за независноста на Каталонија. За жал, не од државата. Jean-Guy Talamoni, претседател на Регионалното Собрание на Корзика, на Твитер го поздрави “раѓањето на Република Каталонија”. Тој го предводи движењето за независност на тој остров, Corsica Libera. Исто така, ги повика и другите народи на солидарност со каталонскиот народ и побарал од ЕУ да ги спречи конфликтите помеѓу Барселона и Мадрид.

Jean-Guy Talamoni

2. Иако многумина очекувале дека сецесионистичкиот набој од Каталонија би можел да биде пренесен во Белгија, тоа не се случило. Фламанците, кои се во постојано конфликт со франкофонските Валонци порачале дека на Каталонија не гледаат како на преседан, туку како на “интересен случај за анализа.” И порачале дека ситуацијата во Белгија е сосема поинаква и така јасно се дистанцирале од владата во Барселона.

3. Ако Каталонија се повлече, што е речиси невозможно да се очекува, ќе биде во групата на земји кои тврдат дека се независни, но никој не им верува. На таа листа од 1991 година, се Нагорно-Карабах, околу кој војувале Ерменија и Азербејџан, и Абхазија и Јужна Осетија, делови од Грузија, кои се признати само од Русија и Придњестровје, кој никој не го призна. И турскиот северен Кипар, кој само Турција го признава.

Жељко Тркањец

jutarnji.hr

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...