Кафето не ја менува цврстината на коските

453

Некои истражувања покажаа дека прекумерното пиење кафе е поврзано со зголемениот ризик од кршење на коски, како и со појава на остеопороза.

Сепак, истражувањето што беше направено од страна на група шведски научници, покажа дека кај лицата, кои во период од две децении пијат по најмалку четири кафиња на ден, не е забележана промена во цврстината на коските.

Истражувањето било спроведено на 61.000 испитаници.

Списанието „Фуд енд Кемикал Токсицолоџи“ преку систематска анализа на повеќе трудови, дојде до заклучок дека ризикот се појавува доколку лицата консумираат по осум кафиња во текот на еден ден.

Научниците препорачуваат, жените на возраст од 51 од 70 години да внесуваат 1.200 милиграми калциум дневно, а мажите – 1.000 милиграми.

loading...