Квантната физика открива | Светот околу нас е генерално голем празен простор – Дали воопшто постоиме?

746

Колку повеќе ја разбиваме материјата, работите околу нас, сфаќаме дека сè, е всушност, вибрирачка енергија. Колку подлабоко ја набљудуваме природата на материјата, почнуваме да сфаќаме дека има многу повеќе простор од очигледна материја.

Пред многу години, квантната физика ефикасно го порази наивниот концепт на “верувам во она што гледам”. Беше откриено дека атомите се главно празен простор, додека т.н. субатомските честички се очигледно бранови на енергијата.

Тоа би значело дека целиот свет околу нас е голем празен простор. Дали тогаш воопшто постоиме?

loading...

“Сите настани и предмети со кои се среќаваме во реалниот живот – згради, луѓе, градови, автомобили, места – сè што можеме да видиме, допираме, мирисаме, вкусиме и слушнеме – постојат како резултат на визијата и чувствата во нашиот мозок” .-Harun Yahya

Ние сме научени да размислуваме за тоа како тие слики и чувства се предизвикани од цврстиот свет надвор од нашиот мозок, каде што постојат материјални работи. Меѓутоа, во реалноста, ние никогаш не ги гледаме вистинските материјали ниту ги допираме. Со други зборови, секој материјален ентитет, за кој веруваме дека постои во нашиот живот, всушност, е само визија која се создава во нашиот мозок.

Ова не е филозофска шпекулација. Ова е емпириски факт докажан од модерната наука. Денес, секој научник кој специјализирал медицина, биологија, неврологија или било која друга област поврзана за проучување на мозокот, кога би бил прашан како и каде го гледаме светот, би рекол дека го гледаме целиот свет во центарот на визијата, која е во нашиот мозок.

Овој факт е научно докажан во дваесеттиот век, и иако тоа може да изгледа чудно, мора да значи дека е потребно да се одговори на следниве две прашања:

  1. Ако за време на животот само ги набљудуваме визиите создадени во нашиот мозок, тогаш кој ги создава тие визии?
  2. Кој е оној кој ги гледа овие визии во нашиот мозок, ужива во нив, станува вознемирен или среќен?

Професорот по физика од Харвард P.W. Bridgeman објаснува, “Структурата на природата е таква што процесите на нашите мисли дури и не можат да ја разберат … Досегнавме до границите на визијата на големите пионери на науката”.

Популарниот американски физичар Michio Kaku исто така изјавил: “Физичарите доаѓаат секоја година со сѐ полуди идеи за физичката реалност. Тоа е затоа што реалноста е полуда од сите наши можни замисли”.

Имајќи го ова в предвид, се поставува прашање: која е вистинската природа на нашето постоење? Дали сум физичко тело? Или физичкото тело го отелотворува “вистинското јас”? Ако е така, кој сум јас? Ако ова физичко тело не е ништо друго туку еден куп на вибрирачки бранови од енергии, кои се опфатени и украсени со други бранови на енергија, во тој случај излегува дека ние сме, едноставно кажано, само со кожа облечени вреќа на распаѓачка енергија. Секако, ние мора да сме нешто повеќе. Но, што е тоа повеќе? Теолозите и филозофите дебатираат и размислуваат за овие прашања уште од самиот почеток.

Од гледна точка на бикохемијата, човечкото тело е изградено од кислород, јаглерод и водород, со помали количини на други хемикалии како што се азот, калциум, фосфор, сулфур, калиум, итн. Кога би отишле да ги купиме овие хемикалии во ист размер, во кој се наоѓаат и во нашето тело, цената би била смешно ниска.

Поголемиот дел од човечкото тело е направено од кислород и водород, што во основа е вода. Научниците тврдат дека телото е составено од 68% вода. Протеини сочинуваат 16,6%, 14,9% масти и азот 3,3%. Другите елементи се наоѓаат во помали проценти. Водата не е скапа, ниту протеините ниту останатите супстанции. Очигледно, вредноста на човечкото тело не е во нејзините хемикалии.

Излегува дека живееме во свет кој само го набљудуваме, а она што го гледаме и не постои, но некако сето тоа го доживуваме како реалност. Што тогаш, всушност, нè прави вредни ако тоа не се суровите хемикалии кои го сочинуваат физичкото тело, а кои во најголем дел е празен простор и во кој малите честички играат на брановите на енергијата?

Единствено логично објаснување е дека постои нешто повеќе – нешто недостижно на нашите материјални сетила … нешто што го збогатува секој однос полн со љубов и она што нè тера да имаме интеракција со други луѓе и животни … нешто чија вредност не може да се мери со пари … нешто трансцендентално …

atma.hr

loading...