Кина забрани појавување на деца на познати личности во забавни програми

345

Кина воведе забрана за појавување на деца на познати личности во популарните реални шоу програми, со цел да се спречи злоупотребата на децата чии родители се јавни личности.

Државната агенција за контрола на медиумите воведе забрана за појавување на деца на познати личности во програмите во живо, чија содржина е од забавен карактер.

Реалните шоу емисии ги прикажуваат атрактивни кинески ѕвезди и нивните скапо облечени модерни мали деца, кои се возат во скапи автомобили со нивните родители и ги следат во разни задачи.

loading...

Оваа содржина  е многу популарна во Кина изминатите неколку години.

Во забраната која ја воведе Државната агенција за медиуми се наведува дека „емисиите не треба да станат простор за промоција на слава и богатство“.

Агенцијата наведува дека ваквата програма е „материјалистичка“ и дека поттикнува на „површно обожување на личностите кои сакаат да ги надминат основите кои се темели Комунистичката партија“.

loading...