Кина успешно тестираше авион со погон на водородно гориво

730

Кинеските власти извршија успешен тест на авион со електромотор кој користи водородно гориво.

Се работи за заеднички проект на Кинеската академија на науки и Лијаониншкиот воздухопловен истражувачки институт. Тестирањето се одвивало во провинцијата Лијаонинг, што се наоѓа на североистокот од Кина.

Леталото се кренало 320 метри над земјата и прикажало одлични перформанси и стабилна работа на сите елементи, дури и при минус 20 Целзиусови степени. При тестирањата, не е забележано никакво штетно празнење во атмосферата, се наведува во извештаите.

Прототипот е изработен врз основа на кинескиот електричен авион RX1E, и е со моќност од 20 киловати. За време на полетувањето се користат и дополнителни акумулаторни батерии, кои потоа се гасат.

Со овој проект, Кина стана трета светска сила, по САД и Германија, која поседува таква технологија.