Кинезите стануваат сопственици на уште еден европски автомобилски бренд -„Лотус“

331

Кинеската компанија „Гили“ (Geely) , која во своја сопственост меѓу другото ги има производителите на автомобили „Волво“ и „Лондон Такси Компани“, ќе купи 51 отсто и од акциите на „Лотус“. 

Некогаш една од гордостите на британската автомобилска индустрија „Лотус“, фирма која е специјализирана за производство на лесни спортски автомобили, веќе со години е во сопственост на малезиската компанија „Протон“, а наскоро ќе тргне по стапките на „Волво“, која „Гили“ја презеде уште во 2010 година.

„Џиџајнг Гили Холдинг“ (Zhejiang Geely Holding), како што е целото име на кинеската компанија, се договори со сопственикот на „Протон“, малезискаата компнаија „DRB-Hicomom, покрај 51 отсто од сопственоста на „Лотус“ да откупи и 49,9 остсто од акциите на „DRB-Hicom “ во „Протон“. Се очекува договорот за преземање на Лотус да се финализира во јули.

loading...

Инаку, кинескиот „Гили“ е сопственик и на неодамна лансираниот автомобилски бренд „Lynk&Co“, што со помош на технологијата на „Волво“ ќе развива и пласира кинески модели на пазарите во САД и Европа.

„Лотус“ во последните години минуваше низ криза што не успеа целосно да ја надмине, а се верува дека „Гили“ може да го препороди како што тоа го направи и со компанијата „Волво“.

loading...