Кинезите урнаа 36 солитери за 20 секунди | Видео

950

Кинези го снимија моментот на уривање на 36 солитери во градот Џенгџоу во провинцијата Хенан, кои со 2,5 тони динамит се урнати за само 20 секунди, пренесува „Дејли меил“.

Некогаш најголемото „урбано село“ во тој град, за само еден миг исчезна во облакот прашина, а демолирањето на една цела градска општина е најголем проект од тој вид во Кина.

Видеото на Јутјуб го објави „Њу Чајна“.

loading...