Кнедли со овошен фил

219

Неодоливи слатки кнедли полнети со сливи и прелиени со овошен сос …

Потребно 

За кнедлите

  • 1 кг компири
  • малку сол
  • 80 гр путер
  • 1 јајце
  • 250 гр меко брашно (тип 550)
  • 30 гр нишесте

За филот

  • 20 зрели сливи
  • 40 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 50 мл масло
  • 50 гр лебни трошки
  • 1 ванилин шеќер

За овошниот сос

  • 100 гр јагоди
  • 250 гр рибизли
  • 100 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер

Подготовка

  • Компирите излупете ги, исечете ги на коцки и ставете ги да се варат. Сварените компири убаво исцедете ги. Додадете им ги путерот и солта и испасирајте ги во пире. Пирето оставете го да се излади.
  • Во изладеното пире додадете едно јајце и убаво измешајте. Потоа додадете го брашното со нишестето во него и почнете да го месите тестото додека не престане да биде лепливо. По потреба додадете уште брашно.
  • Тестото разделете го на 20 еднакви делови и обликувајте ги како топчиња.
  • Сливите исчистете ги од семките и во секоја ставете по едно лажиче шеќер помешан со ванилиниот шеќер. Секоја слива втиснете ја во внатрешноста на секое тесто и направете кнедли.
  • Кнедлите ставете ги да се варат во вода што врие. Варете ги додека не испливаат на површината и уште 2 минути (вкупно околу 10 минути).
  • На загреано масло во тава малку пропржете ги лебните трошки.
  • Сега подгответе го овошниот сос. Јагодите и рибизлите измијте ги убаво, ставете ги во еден сад и додадете ги шеќерот и ванилиниот шеќер. Ставете ги на рингла на тивко да се динстаат. Кога ќе почнат да вријат варете ги уште 10-15 минути со повремено мешање додека овошјете не се распадне сосема. По потреба додадете уште неколку лажици вода.
  • Овошниот сос пропасирајте го низ густа цедалка и оставете го да се излади.
  • Кнедлите исцедете ги, увалкајте ги во лебните трошки и посипете со ванилин шеќер. Послужете ги со овошниот сируп.
loading...