Кога детето ќе дознае дека нема татко…

4332
Booking.com INT

Голем број на жени одлучуват да забременат по пат на донатори, затоа што не успеале да пронајдат соодветен партнер. Прашањето е како тоа се одразува на нивните деца.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Дури 39 отсто од децата на возраст од четири до девет години немале ниту позитивни ниту негативни реакции на фактот дека во нивнот живот не постои татко.

Исто така 27 отсто од децата имаат мешани чувства, додека осум отсто негативно гледаат на ситуацијата.

Истражувачите во разговор со децата заклучиле дека децата секогаш поставуваат прашања за отсуството на родителот, особено кога ќе тргнат во училиште и ќе сфатат дека другите деца имаат татковци.

Но, генерално зборувајќи, добро се прилагодуваат на околностите, велат научниците од Универзитетот во Кембриџ.

Бројот на соло мајки е зголемен за 226 проценти во однос на периодот од пред десет години. Жените без партнер сочинуваат 15 отсто од сите жени регистрирани во клиниките за вештачко оплодување.

На оваа постапка се одлучуваат високообразованите жени со добра кариера, кои не сакат повеќе да губат време чекајќи да се појави „вистинскиот“ маж.

Истражувачите велат дека децата на мајките, кои самите го избрале тоа, имаат предност во однос на оние кои поради други околности станале самохрани мајки. Една од причините е што не ги искусиле конфликтите на родителите поради разводот, ниту другите проблеми, кои настанале поради пропаѓањето на бракот.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...