Кога е време бебето да добие своја соба?

1184
Booking.com INT

Ако детето има лоши сништа, родителите треба да го земат во кревет и да го смират. Тоа не е погрешно, бидејќи спиејќи со родителите детето добива порака дека мама и тато секогаш се тука. Тоа придонесува за чувство на сигурност.

Bitcoin Exchange CEX.IO

„Бебињата од раѓање се научени на близина на родителите. Препорака е креветчето да биде во спалната соба на родителите, бидејќи во првите денови и месеци од животот, бебето почесто се буди и плаче. Во тој случај подобро е бебето да биде покрај мајката. Кога бебето малку ќе порасне и повеќе нема да се буди ноќе тогаш може да спие само”, вели педијатрот др. Џовано Армано.

По првиот роденден, детето е подготвено да спие само, а родителите треба да остават отворена врата да слушнат кога детето ќе заплаче или ќе се разбуди. Децата во тој период сакаат да спијат со родителите во кревет и тоа може да им се дозволи до некоја мерка, смета др. Армано.

„Поголемо дете родителите можат да го успијат, да му објаснат на разбирлив начин дека не треба да спие со родителите и да му остават мала светлина” – вели др. Армано.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...