Кога мажите би знаеле колку е добра за нивното здрваје, би ја јаделе секој ден

4973

Портокалова е, голема, тркалезна, слатка и здрава!

Штити од рак на желудник, дојка, бели дробови и рак на дебелото црево, а го спречува растот на простатата …

Тивата во гастрономијата

Различните краеви на светот имаат свои начини за подготовка на тиквата. Незрелите тикви обично се сечат и варат, а зрелите печат. Моите соседи направија штрудла од тиква. Мирисаше целиот влез. Од тиква се прават мармалади, кремасти колачи, па дури и алкохолни пијалоци.

Тиквата го одржува здравјето

Но, таа не е само сладок деликатес, туку и добро делува на здравјето. Нејзниот месен дел ја стимулира секрецијата на инсулинот и на тој начин помага да се регулира покачениот шеќер во крвта. Бројните активни компоненти се антиоксиданси кои ги штитат крвните садови што им помага на луѓето кои страдаат од дијабетес. Покрај тоа, тиквата делува на намалување на крвниот притисок.

Семките од тиква

Семките се богати со масло кои содржат олеинска и линолова киселина. Во белковините на овие семки има многу есенцијални аминокиселини. Од минералните материи треба да се споменат калиумот, хромот, магнезиумот, цинкот, бакарот и селенот. Покрај тоа, има тука уште и каротин, витамин Е, некои од витаминот Б, фитостероли …

Активните супстанции на семките од тиква покажуваат антибактериска и антимикотична активност. Исто така, нивното консумирање се поврзува и со намалување на ризикот за појавата на рак на желудник, рак на простата, рак на дојка, белите дробови, кожата и на дебелото црево. Покрај тоа, овие семиња го спречуваат формирањето на жолчните камења. Помагаат и против депресијата, бидејќи го стимулираат растот на хормонот на среќата.

Без сомнение. Семките се совршени за грицкање. Особено се добри додека се гледа некоја утакмица. 🙂

Масло од семките на тиквата

Маслото покажува антиинфламаторна (запаление) активност и е корисно за луѓето кои страдаат од артритис. Го нормализира високиот крвен притисок и го намалува зголемениот холестерол и нивото на гликоза во крвта. Заштитува од појава на различни видови на рак на желудец, дојки, белите дробови и дебелото црево.

Пред сè, ова масло има позитивен ефект врз здравјето на простатата. Го спречува зголемувањето и ги ублажува симптомите на мокрење, што секако е корисно за постарите мажи.

Намаз од свежо сирење со семки од тиква и масло

Ако имате среќа и кесичката со семки ви останала, секако пробајте го намазот со свежо сирење.

Состојки

5 лажички свежо сирење
1 лажица масло од семките
1 лажичка сечкани благо пропржени семки
малку бибер и сол

Подготовка

Измешајте ги сите состојки во блендер. Сервирајте со малку запечен црн, овесен или р’жан леб.

Печена тиква

Со печена тиква можете да направите што сакате. Дали сте се пробале сама да ја јадете? А ако додадете малку мед и цимет ќе добиете десерт од прва класа. Некои за појадок на неа стваат свежо сирење.

Што велите за печена тиква како прилог на месо во сос? Ова навистина треба да го пробате.

Исечете парчиња од тиквата и печете ги во рерна. Излупете ја и сервирајте со месо. Нема ништо поедноставно.

loading...