Кога мајката ќе остане сама | Приказна за три храбри насмевки пред кои се срамам секое утро пред вратата на детската градинка

8528

Искрено сочувство во болка, голема восхит за храброст … Семејна приказна за скромноста и срамот.

Едно девојче утре ќе слави втор роденден. Нејзиниот прв роденден без татко.

Секое утро пред детската градинка ќе му “свирнеме” на тато со кој се разминувавме со автомобилот, ќе и мавнеме на една мајка во заминување, учтиво ќе кимнеме со главата на жена која ни ја задржувала вратата за да влеземе во зградата. Ги гледаме родителите во костуми во брзање. Мајка која брка мало дете додека постарото сонливо се облекува, една гласна мајка која со сите застанува да позборува … и една во црно. Многу млада.

“Такави сме како што мораме”, ми одговара, кога по две недели размислување собрав сила да ја прашам како е, и конечно, го поставив тоа тешко прашање. Почнувам да треперам пред неа, скромна и искрена, ги задржувам солзите и се срамам, бидејќи невозможно е да ми се плаче повеќе од неа.

“Постарата со денови седеше на прозорецот и го чекаше. Сега повеќе не го чека, но го спомнува секој ден. Ма, се срамам повеќе да плачам”, го продолжува одговорот со тивок глас барајќи марамче по џебовите.

Се разделивме, а јас плачев целиот пат до работа и размислував за тоа каде живееме кога неа ѝ е срам да плаче, затоа што ѝ е тешко. Бидејќи ја боли душата. Затоа што страда.

Срамота.

Мене ми е срам.

Јас се срамам, бидејќи со нетрпение чекав три минути моето постаро дете, конечно, да влезе во колата и да тргнеме, а таа своите девојчиња, од три и пол и година и пол дена, секое утро насмеана ги носи децата во градинка, пешки. Се срамам и покрај тоа за сѐ што се грижи, таа внимателно ме потсетува да донесам фотографии од децата за паното. Срам ми е секој пат кога сум се нервирала при барање место за паркирање додека ТАА трпеливо го носеше своето дете со автобус на 8-от роденден на заедничкиот другар од групата, затоа што таа го чува и заштитува нејзиното детство. Се срамам секое утро пред трите храбри насмевки кои ги среќавам на вратата на градинката.

И не е целта на оваа приказна да ја сожалуваме, бидејќи нејзината сила е таа на која треба да ѝ се восхитуваме. На судбината не можеме да влијаеме. Нејзината судбина ѝ одредила нешто преубаво, што навистина ја чека.

Целта е секој кој ќе прочита да знае дека постои една млада жена која со својата борба секој ден ни дава можност и ние да бидеме луѓе. Дека постојат две мали суштества кои секој од нас утре треба да ги погледне во очи, а да не се посрамиме.

Мама Милана Петровиќ

loading...