Кога на децата ќе им здодеат играчките

738

Клишето дека децата повеќе ги сакаат кутиите од самите играчки, не се појавило без причина, бидејќи секоја играчка порано или подоцна му стануваат здодевни на детето.

Добро е понекогаш родителите да ги спакуваат играчките со кои детето не си игра и подоцна за ги извадат, со цел да му станат поинтересни. Освен тоа детето забава ќе пронајде и во невообичаните работи во вашиот дом.

Следува листа на најомилените детски играчки, кои воопшто и не се играчки:

Градници

Носењето работи на глава за децата секогаш е особено интересно, затоа не зачудува фактот дека тоа набрзина ќе дофати некое парче од облека и ќе го стави на глава додека вие простирате веш. Градниците се најинтересни детски капи.

Прекинувачи за светло

Кога децата ќе пораснат доволно да можат да го дофатат прекинувачот, почнува диско фазата на вашиот живот. Светлата постојано се палат и гасат, а за детето тоа ќе биде волшебно искуство.

Корпа за отпадоци

Таа волшебна машина ќе проголта се што ќе и понудите, а секогаш можете да дојдете и да си земете работите од неа. Секако, се работи за корпа за отпадоци која често им е омилена играчка на малите деца.

Треба да се има на ум дека ова сепак не е хигиенски прифатлива играчка. Подобра варијанта е да му се купи на детето мала пластична корпа и во неа да ги става играчките.

Миење садови

Кога ќе почнете да ги ставате садовите во машината, детето веднаш ќе дојде до вас да ви помогне. Рачното перење е уште поинтересно за децата. Што повеќе пена, толку поголема забава.

Самолеплива лента

Самолепливата лента е тука за да ги спаси работите, без разлика дали станува збор за пукната креда, искината маица или автомобил кој останал без тркала. На децата тоа им е многу интересно, па не зачудува фактот што сакаат да си играат со самолеплива лента и со неа да ги украсуваат ѕидовите.

Обувки

Обувките се супер забавна играчка и тоа доколлу не се детски. Потпетиците на мајката или големите чевли на таткото се вистински начин за предизвикување смеење во семејството.

Мачка

Иако децата добро се согласуваат со сите животни, понекогаш изгледа дека особено им фрлиле „пик“ на мачките.

loading...