Кога ова ќе го исфрлите од навика влегувате во нов живот | Три нешта кои само ја привлекуваат несреќата

1670

Секојдневно носиме непотребен животен товар и многу лоши навики, заради кои често се чувствуваме празни, несреќни и неисполнети.

Од овие три едноставни работи треба да се откажете за да бидете посреќни и позадоволни:

1. Тежнеење кон совршенство

Совршена работа, совршен брак, совршена фамилија, совршено тело … сето тоа се цели што ги посакуваме, а кои всушност непостојат. Иако често нѝ се чини дека тревата во соседниот двор е секогаш позелена, тоа е само илузија. Ништо околу нас не е совршено и никој нема совршен живот како на филм и затоа е важно да не посакувате совршенство и да уживате во мали нешта.

2. Негативен став

Психолозите објаснуваат дека негативните мисли и песимизмот имаат значајно влијание врз нашето расположение, а со тоа и на нашата среќа. Нашите животи се полни со негативни настани и ситуации кои често не можеме да ги избегнеме, туку со нив треба да се справиме, па дополнителни негативни мисли навистина не нѝ се потребни. Следниот пат кога ќе имате негативно мислење за себе, вашата работа, вашиот партнер или било кој друг аспект од твојот живот, застанете и во сето тоа, обидете се да ја пронајдете позитивната страна. Ќе видите дека таа навистина постои.

3. Животот во минатото

Пластење на негативните чувства најчесто е предизвикано од преголемото размислување за минатото. Без разлика дали тоа е за фразата “барем тогаш да …” и “можев …” или страдање за поранешна врска, работното место или начинот на живот, живот во минатото секогаш повлекува негативни чувства на тага, копнеж и разочарување. За да бидете среќни, важно е минатото да го оставите зад себе и да уживате во она што е до вас или она што ве чека. Вие неможете да го промените минатото, сегашноста зависи од вас, па затоа е важно да ја искористите на позитивен начин.

zadovoljna.hr

loading...