Кога пубертетот ќе затропа на врата

6602

Децата, кога ќе влезат во пубертет се соочуваат со серија физички и психички промени. 

Кај повеќето деца единаесеттата година од животот е мошне важна, бидејќи во неа почнува процесот на обилно лачење на половите хормони, кои во следните неколку години ќе направат детското тело да се претвори во тело на млад маж или млада жена.

Иако се уште емоционално и социјални незрели, младите на крајот на овој процес, кој го нарекуваме пубертет, ќе станат способни за создавање нов живот.

Со влегувањето во пубертет завршува уште една фаза од детството, во кое детето било дете во вистинска смисла на зборот. Тоа сега е во пуберет или стручно кажано pubescent. Иако зборот пубертет доаѓа од латинскиот збор пубес, што значи возрасна, зрела личност, тој не се однесува на постигнување зрелост во целосна смисла. туку само на постигнување полова и репродуктивна зрелост.

Околу 14. година периодот на пубертетот завршува и почнува периодот на севкупно созревање, адолесценцијата, кој трае до почетокот на дваесеттите години.

Кога во пубертетот ќе се забрза растот и кога телото ќе почне да се менува, со тоа што на него ќе се развиваат секундарни полови особини (гради, срамни влакна, Адамово јаболко), тогаш младата личност почнува да ја менува сликата за себе.

Свеста за своето тело, поточно изгледот, е основата, на која почива нечиј идентитет. Коренот на зборот личност потекнува од зборот лице, односно тоа е единствената физиономија за некоја личност. Затоа телесното „јас“ е основата на која некој гради идентитет на целокупнпто „јас“, вели психотерапевтот Зоран Миливојевиќ за „Политика“.

Телесните промени во пубертетот стануват причина за промена на иденетитетот, на доживувањето на самиот себе си. Пионерот на српската детска и адолесцентна психијатрија др. Павле Милекиќ овој психо-сексуален развој во пубертетот го систематизирал во неколку фази, кои можат да им помогнат на родителите подобро да ги разберат своите деца.

Во првата фаза младата личност во пубертет е мошне заинтересирана за телесните промени, кои настануваат. Освен љубопитноста таа има и интерес за тоа дали на крајот се ќе биде добро. Карактеристично е тоа што во тој период често се гледа во огледало, навикнувајќи на својот нов изглед. Токму порди насоченоста на личноста на самата себе. ова се нарекува автоеротска фаза на развој.

Втората фаза е онаа во која младата личност своето ново тело го споредува со други личности од ист пол од својата генерација, со желба преку тоа споредување поточно да се оцени и вредни себе си. Поради оваа заинтересираност за тоа „како тоа е кај другите“, ова фаза е наречена хомоеротска фаза. Тоа е природна фаза во која младата личност се обидува да ја одреди својата позиција во рамки на истиот пол и не значи дека ќе премине во хомосексуална полова ориентација.

Кога младата личност ја утврдила вредноста на своите особини во рамки на истиот пол, тогаш се јавува заинтересираност за личностите од спротивниот пол, што е третата фаза, наречена хетероеротска фаза.

Со натамошниот развој, со поврзување на сексуалноста и љубовта, личноста преминува во четвртата, хетеросексуална фаза од развојот.

loading...