Кога тој ќе полуди, летаат пердуви | Најбезобразен хороскопски знак!

10400

Од нападите на бес на Овнот бегајте, а Јарецот можете да го налутите само еднаш – втора шанса нема да ви даде!

Кога караниците се во прашање, секој хороскопски знак има свој начин на кој ќе го изрази незадоволството. Некои ќе викаат, ќе се лутат и ќе прават драма, додека другите ќе бидат мирни и на “ниво”.

Прочитајте кој е тој поради кој би посакале да не влегувате во дебата. Циганските карти предупредуваат: Бикот да се пази од болести, Лавот од проблеми, Јарецот од љубовникот!

loading...

ZodiacОвен
Како претставник на огнените знаци, Овнот има многу краток фитил. Во состојба е да се разжести и за најмал детал, а секоја навреда ја смета како напад на своето его. Владетелот Марс го прави нетрпелив и агресивен, но бидејќи брзо се лути, уште побрзо и простува. Неговите напади на бес се турбулентни. Овнот зацрвенува, вика, вреска, но во следниот момент тој заборава сè и се претвора во јагне. Тој е дефинитивно најлошиот од сите хороскопски знаци кога се лути!

ZodiacБик
Бикот е знак на земјата и тоа го прави многу трпелив. Некој би помислил дека тој е во состојба да трпи и додека некој му скока на главата, но тоа и не е баш така. Вистината е дека никој нема нерви какви што ги има Бикот, но кога еднаш ќе се изнервира, не е ни малку пријатно да се биде во неговата близина. Кога фитилот ќе му догори до крај, се претвора во нешто како вулканска ерупција. Затоа, на секој му се препорачува да не го пречеккори прагот од неговото трпение, а ако тоа го направат, да бегаат колку нозете ги носат.

ZodiacБлизнаци
Како знак на воздухот, Близнакот е исклучително интелигентен и хиперактивен. Нема напади на бес и паника, но ако е изнервиран, ќе му возврати на противникот изговарајќи ги вистинските зборови, со цел да го надмудри, но претходно ќе ја процени ситуацијата за да биде сигурен дека кавгата нема да наштети на неговите интереси. Брзо му поминува лутината, бидејќи го води логиката и разумот и не прави проблеми таму каде што би можел да има корист. Својата нервоза ја лекува слушајќи гласна музика.

ZodiacРак
Рак воопшто не троши нерви на другите и ништо не може да предизвика паника во него. Тој се грижи и размислува зошто се вознемирил и што е причината за тоа, но ретко има изливи на бес. Собира гнев во себе, а се лекува со заминување во кафуле и теретана. Никогаш не одговара на прва, но би ја искористи секоја можност на противникот да му приговара за она што тој морал поради него да го истрпи. Оваа задржување на лутината на Ракот може да предизвика различни психосоматски проблеми.

ZodiacЛав
Како и другите огнени знаци, Лавовите се експлозивни, но не толку многу како Овновите. Тие се многу нервозни, но и тие забораваат по некое време и преминуваат преку тоа. Лавот реагира веднаш и со аргументи сѐ побива. Бидејќи е праведен, знае и да попушти ако гледа дека погрешил, но со оглед на тоа дека во основа не ги сака расправиите, егоцентричен е, навремено ќе ја избрка својата волја и ќе биде сѐ по негово.

ZodiacДевица
Девицата се смета за најспокоен знак на Зодијакот. Максимално се контролира и е свесна за секој свој збор и постапка, а како таква ретко зборува грдо или пцуе. Задржува емоции, има добри манири и премногу е “културна” за отворено да го покаже своето незадоволство, а секогаш е незадоволна. Ги смирува нервите читајќи книга и слушајќи музика дома или во кафеана, а поради криењето на гневот со години станува депресивна. Доколку смета дека згрешила или претерала, таа веднаш ќе се извини.

ZodiacВага
Вагата се обидува да не се нервира или барем колку што може тоа да го прикрие. На вагата влијаат сите видови мали нешта (на пр. кога ќе ја погледнете попреку), а кога ќе сфати дека со часови без причина се лутела, ќе почне да се умилкува за да ве смири. Максимум на нејзиниот гнев е да се сврти и да замине поради тоа што нејзината дипломатска особина не ѝ дозволува да влегува во расправија.

ZodiacСкорпија
На Шкорпијата не ѝ треба многу за да се налути. Прво, започнува да предизвикува и секогаш е подготвена и на ниски удари. Потоа следи порој на вулгарности, навреди, а понекогаш може и физички да нагрне на оној кој го предизвикал нејзиниот гнев. Да бидат работите уште полоши, нема да ѝ биде доволно, бидејќи треба да го задоволи својот осветољубив инстинкт, но по тоа сценарио ќе гради план како да се одмазди. Стрпливо демне од страна и бара вистински момент за својата отровна одмазда.

ZodiacСтрелец
Стрелец најмногу им ги кине нервите на луѓето околу себе, бидејќи го вели обично она што го мисли и кога никој не го прашува. Кога ќе се изнервира потполно е непредвидлив; она што е сигурно е дека откако ќе заземе став не го менува, но исто така можно е да каже сѐ што мисли без никаква желба за кавга или да искрши сѐ околу себе од бес – да пцуе, вика и крши предмети по куќата.

ZodiacЈарец
Дисциплинираниот и организираниот Јарец максимално се контролира и се обидува да не се налути. Но, ако на крајот не успее во тоа способен е да прави врева и да вика и да не се смири со денови. Меѓутоа, поради добрите односи со околината подготвен е да направи отстапки, иако има инстинкт секогаш сѐ да биде по негово. Тој може да биде многу непријатен, ако се почувствува загрозен и оди од една крајност во друга – кога еднаш ќе ве отпише, знајте дека тоа е засекогаш и без втора шанса.

ZodiacВодолија
Лесно се лути, но брзо и заборава. Се лути кога се чувствува дека некој ѝ ја одзема нејзината слобода или ако се сомнева во неа. Затоа што мисли дека знае сè, сака на другите да им “соли” памет и да им кажува дека никој не може да го контролира нејзиниот карактер. Таа се крие од другите, кога е повредена, а потоа станува најопасна – подготвена за агресија и одмазда.

ZodiacРиба
Рибата е преосетлива, сѐ прифаќа лично и затоа е често налутена. Постојано го менува расположението и не знае што сака, но не знае и што не сака. Кога некој се обидува да ѝ помогне во било која одлука е, исто така, нешто што може да ја налути. Рибата обично го задржува својот гнев за себе, што е лошо за неа, бидејќи тоа подоцна води до депресија и тага. А кога се распрва, не е злопамтило, а ако им се извините, сѐ ќе заборават.

loading...