Кои марки на автомобили најмногу се спомнуваат во поп музиката

193

И покрај неспорната популарност на брендовите како што се Мерцедес и БМВ, некои други луксузни марки на автомобили повеќе ги инспирираат текстописците на популарните песни на денешницата. 

Според истражувањето кое го спроведе Блумберг, најчест спомнуван авто-бренд во современата хип-хоп и поп музика е Ролс-Ројс.

Студијата ги опфати сите песни кои во периодот од мај 2014 до мај 2017 година достигнаа меѓу топ 20 на листата „Billboard Hot 100”, а името Ролс-Ројс се појавило 11 пати. Втор најчесто спомнуван автомобилски бренд е Ферари (9 пати), а трет е Порше (8 пати). Шевролет и Ламборџини во текстовите на најпопуларните песни во последните три години се појавуваат по шест пати, а Бентли, Кадилак и Мерцедес-Бенц по 5 пати.

loading...

Портпаролот на компанијата Ролс-Ројс, Џери Спан, вели дека тоа не е случајност, со оглед на тоа дека овој производител често ги нуди своите возила на музичките ѕвезди на користење, а познатите личности и музичари сочинуваат и до 20 отсто од клиентелата на една од најлуксузните марки на автомобили на светот.

Ролс-Ројс во последните години бележи рекордни продажни резултати, а 2016 беше втора најдобра година во 113 годишната историја на компанијата, со над 4.000 испорачани возила во повеќе од 50 земји на светот.

Овој производител очекува во 2017 година да продаде дури 6.000 луксузни автомобили, со годишен раст од 50 отсто.

loading...