Многу мек и вкусен колач …
Потребно
- 6 белки
- 200 гр шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 130 гр брашно
- 100 мл масло
- 40 гр кандирани брусници
- малку рум
- 40 гр суви кајсии
- 40 гр црно чоколадо
- 30 гр ореви
- 10-15 гр путер, за подмачкување
шеќер во прав, за посипување
Подготовка
- Брусниците потопете ги во малку вино. Сувите кајсии исецкајте на коцкички и потопете ги во малку вода. Чоколадото исецкајте го на парчиња. Оревите исецкајте ги на покрупни парчиња.
- Во подлабок сад ставете ги белките и изматете ги со миксер. Со постојано матење додадете ги шеќерот и ванилиниот шеќер. Матете додека да добиете цврст шлаг.
- Во изматените белки додадете ги брашното и маслото и полека измешајте со дрвена лажица. На крај додадете ги брусниците, кајсиите, чоколадото и оревите и повторно измешајте.
- Ребраст или обичен долгнавест калап премачкајте го со путер и посипете со малку брашно.
- Сипете ја смесата, израмнете и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30 минути.
- Испечениот колач оставете го 15-тина минути да се излади, а потоа со пластичен нож полека одлепете го колачот од калапот и превртете го на долгнавеста чинија.
- Пред да го послужите посипете го со шеќер во прав.
loading...