Колач со мед и круши

517

Потребно 

  • 3 големи тврди круши
  • 1/4 чаша (1 чаша = 200 мл) путер
  • 1/4 чаша мед
  • За тестото
  • 1/2 чаша путер (на собна температура)
  • 1/4 чаша маслиново масло
  • 1/2 чаша мед
  • 1/3 чаша кафеав шеќер
  • 2 лажичиња прашок за пециво
  • 2 лажичиња екстракт од ванила
  • 1/2 лажиче сол
  • 1/2 лажиче мелен кардамон
  • 1/2 лажиче рендано морско оревче
  • 2 јајца
  • 2 чаши брашно
  • 3/4 чаша јогурт
  • 1/2 чаша сецкано ореви или бадеми
  • горгонзола сирење

Подготовка

  • Крушите убаво измијте ги и исечете ги по долчина на тенки парчиња.
  • Растопете го путерот на тивко со постојано мешање, тргнете го од рингла и додадете го медот. Постојано мешајте додека да се добие хомогена смеса.
  • Смесата сипете ја во калап за торта и израмнете. Одозгора наредете ги парчињата круши во круг, така што подебелиот дел да биде кон работ на калапот, а потенкиот кон средината. Повторете ги редовите додека ги потрошите сите круши..
  • Во еден сад изматете го путерот со маслото, медот, шеќерот, прашокот за пециво, екстрактот од ванила, сол, кардамон и морско оревче. Додадете ги едно по едно јајцата со постојано матење, а потоа и 1 чаша брашно, јогуртот, па втората чаша брашно.
  • На крај додадете ги оревите и измешајте. Смесата рамномерно распоредете ја во калапот над крушките.
  • Ставете да се пече во загреана рерна на 160 целзиусови степени околу 40 минути.
  • Печениот колач оставете го да се излади во калапот 30-тина минути. Потоа извадете го и превртете го на чинија од опачината..
  • Сервирајте го со исечени парчиња горгонзола сирење.
loading...