Колач со ореви и суво грозје

718

Брз, вкусен колач …

Потребно

  1. 4 јајца
  2. 200 гр ореви
  3. 300 гр брашно
  4. 200 гр суво грозје
  5. 50 гр чоколадо за готвење
  6. 200 гр шеќер
  7. 1 прашок за печиво

Подготовка

  • Растопете го чоколадото на пареа.
  • Издробете ги оревите со сукало или пак исецкајте ги со нож.
  • Мешајте го чоколадото за побрзо да се растопи. Садот со растопенато чоколадо тргнете го од тенџерето.
  • Во сад за матење искршете ги јајцата и изматете ги со миксер. Додадете го шеќерот и  матете со миксерот додека да се растопи шеќерот.
  • Во еден сад ставете ги брашното и прашокот за пециво и измешајте. Додадете ги кај изматените јајца и измешајте со жица за матење.
  • Во садот додадете го растопеното чоколадо. Повторно измешајте со жицата.
  • Додадете ги издробените ореви и сувото грозје и продолжете да матите со дрвена лажица, додека смесата не се соедини.
  • Тавата за печење убаво намастете ја со маргарин и сипете го тестото за колачот. Израмнете го тестото.
  • Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 20 минути.
  • Печениот колач оставете да се излади, исечете го на парчиња, посипете со шеќер во прав и послужете.
loading...