Колач со рогач и суви смокви

532

Покрај смокви, мед, цимет, каранфилчиња и кора од лимон, колачот со рогач ќе разбуди кај вас спомени за мирисните и вкусни бабини колачиња.

Потребно 

За тестото

  1. 20 гр свеж квасец
  2. околу 250 мл млеко
  3. 50 гр шеќер
  4. 500 гр брашно
  5. 50 гр путер
  6. 1 ванилин шеќер
  7. 2 лажичиња рендана кора од лимон
  8. 2 жолчки
  9. малку сол
loading...

За филот

  1. 250 гр брашно од рогач
  2. 400 мл млеко
  3. 200 гр ситно сецкани суви смокви
  4. 130 мл мед
  5. 1 лажица рендана кора од лимон
  6. малку мелени каранфилчиња
  7. малку цимет во прав
  8. 50 гр шеќер во прав

Подготовка

  • Квасецот ставете го со неколку лажици млако млеко и додадете 1 лажиче шеќер и оставете да стаса 5-6 минути.
  • Брашното ставете го во еден подлабок и во средината направете вдлабнатина. Во неа истурете го стасаниот квасец и оставете го уште малку да стои.
  • За тоа време измешајте ги преостанатото млеко, растопениот путер, преостанатиот шеќер, ванилиниот шеќер, ренданата кора од лимон, жолчките и малку сол. Ова сипете го во брашното и замесете меко тесто. По потреба додадете уште малку млеко додека го месите брашното.
  • Добро измесеното тесто оставете го да стасува на топло место додека скоро двојно не нарасне.
  • Сега подгответе го филот. Брашното од рогач прелијте го со врело млеко, промешајте го и оставете го да се лади.
  • Потоа додадете ги ситно сецканите смокви, мед, рендана кора од лимон, мелените каранфилчиња, цимет во прав и шеќер во прав. Измешајте убаво да добиете хомгена смеса.
  • Стасаното тесто развлечете го во правоаголен облик на набрашнета работна површина. Премачкајте го со изладениот фил, замотајте го како ролат. Потоа ставете го во кружен калап за печење премачкан со путер и завиткајте го како полжав.
  • Калапот со колачот оставете го да стои уште 10-тина минути и потоа ставете да се пече во претходно загреана рерна на 190 целзиусови степени околу 40 минути. По 15 минути од почетокот на печењето покријте го со хартија за печење кората да не добие многу темна боја.
  • Печениот колач оставете да се излади и пресечете го на парчиња. По желба посипете го со шеќер во прав, кој сте го ароматизирале со малку цимет во прав.
loading...