Колку е висока цената на невоспитувањето на децата?

24893

Децата поминуваат повеќе време во изнаоѓање начини на кои ќе се забавуваат отколку на сопственото образование.

Денешниот свет е полн со незадоволни и несреќни родители и деца кои страдаат, деца кои се досадуваат, кои се незадоволни, несреќни, отуѓени, емотивно ладни, па дури и насилни …

“Вашите деца не се ваши деца. Тие доаѓаат низ вас, но не и од вас, и покрај тоа што се со вас не ви припаѓаат вам. Можете да им ја дадете вашата љубов, но не и своите мисли, затоа што тие имаат свои мисли. Вие настојувајте да бидете како нив, но не барајте од нив да бидат какви што сте вие. Бидејќи животот не оди наназад, ниту пак останува на завчера.”
Халил Gubran

loading...

Од време на време во центарот на вниманието стигнуваат вести за насилно и недолично однесување на младите во училиштата и на улиците на нашите градови.

Заедничкиот именител на сето тоа е дека тие немили сцени по информирање во медиумите брзо се забораваат, се ставаат под тепих сѐ до некој нов случај кога повторно ќе се згрозуваме и повторно ќе заборавиме, и така во круг.

Воспитување на вистински начин?

Вакви алармантни појави треба да нѐ наведат да си го поставиме прашањето: дали ги воспитуваме нашите деца на вистинскиот начин, на кои вредности ги учиме и каква визија за светот им претставуваме?

За овие прашања, во развиениот свет, на големо се дебатира, особено по трагичните масовни убиства во американските училишта.
Се обидуваат да пронајдат решение, како и соодветни превентивни мерки. Своето мислење по ова прашање го даде и еминентниот д-р Роберт Шо, детски и семеен психијатар, кој смета дека коренот на проблемот е во лошите воспитни методи. Во својот бестселер “The Epidemic: Raising Secure, Loving, Happy, and Responsible Children in an Era of Absentee and Permissive Parenting”, тој истакнува дека отсуството на родителот од животот на своите деца и епидемијата на т.н. попустливо воспитување се виновници за сегашната ситуација. Неговите идеи се навистина револуционерни и фрлаат нова светлина врз важното прашање на воспитувањето на младите луѓе.

Колку е висока цената на невоспитувањето на децата

“Денешниот свет е полн со незадоволни и несреќни родители и деца кои страдаат, деца кои се досадуваат, кои се незадоволни, несреќни, отуѓени, емотивно ладни, па дури и насилни”, вели д-р Шо. Доволно е да погледнете наоколу. Додека некогаш среќните семејства биле среќна појава, денес сѐ повеќе гледаме родители кои брзаат од една работа на друга – децата плачат, се расправаат, малтретираат, изразуваат здодевност, се лутат додека нивните родители ги караат или го игнорираат своето непослушно дете.

Сведоци сме на проблемот на епидемија во училиште во учењето и во однесувањето на младите. Наставниците забележуваат дека во одделенијата им доаѓаат деца кои не се во состојба да учествуваат во наставниот процес, кои не ја гледаат целта на учењето, кои не можат да се вклопат во општеството ниту во системот на правила, затоа што немаат волја за здобивање знаења. За жал, на постоење деца без надзор укажуваат несреќни случаеви кои ја исполнуваат црната хроника (малолетник го убил неговиот дедо, мајка му ја истепал, избодел со нож пријател, извршил самоубиство поради невозвратена љубов).

Родителите, пријателите и наставниците знаат да скокнат во одбрана и инсистираат на тоа дека сторителот на кривичното дело е убав дечко, паметен, пристоен, омилен, кој ниту во еден случај не е способен за такво злосторство.

Кога сепак црната реалност и јавност ќе нѐ натераат да престанеме да го негираме проблемот и да се соочиме со него, наместо да се свртиме кон превенцијата и лекувањето, ние се обидуваме да го спречиме со зголемени патроли на полицијата и обезбедувањето, со ограничувања и наметнување еднакви правила за добро воспитаните ученици и на проблематичните деца.

Сепак, тоа се само надворешни резови додека суштината на болеста не се лекува. Коренот на проблемот лежи во начинот на кој (не) ги воспитуваме нашите деца.

Јасно е дека ако децата не ги почитуваат своите родители веројатно нема да ги почитуваат ниту своите наставници и класни раководители, а ако не ги почитуваат браќата и сестрите, врсниците ќе прибегнуваат кон агресивни стратегии за да го постигнат она што тие сакаат.

Како што истакнува д-р Роберт Шо, токму трендовите во семејното воспитување кои се појавиле во последните 30 години одат во корист на развојот на отуѓено некомуникативно дете, дете со потешкотии во учењето, дете кое не може да се контролира.

Семејството, столб на општеството

Според неговите зборови, семејството како главен столб на општеството денес не е фактор на безбедноста и стабилноста на младиот човек. Од една страна можеме да зборуваме за лош социо-економски статус на повеќето семејства, а од друга страна кај еден број семејства се присутни нарушени семејни односи, каде што еден или двајцата родители се со антисоцијалното однесување, конзумирање алкохол, дрога, потоа присуство на семејното насилство.

Колку е висока цената на невоспитувањето на децата2

Родителите се во позиција да бидат робови на материјалистичкото општество, општество кое прекумерно ги цени успешните, што е и причина зошто тие мора да поминуваат бескрајни часови, со цел да заработат на работа колку што е можно повеќе. Со децата не комуницираат, тие ретко им поставуваат граници, го губат чувството за состојбата на децата во семејството и го запоставуваат нивниот духовен и морален развој. Затоа, кај младите не се развиваат основните вредности, како што се емпатија, вложување труд, одговорност и чест.

Тие груби невоспитани деца се вртат во рамките на своето проблематично однесување кое сѐ повеќе се шири, додека на крајот не стигне до реалните граници – границите кои премногу често треба да ги поставуваат институциите како што се училиштата, или, во екстремни случаи законот.

Родителите треба да се запрашаат што тие даваат и колку “духовна храна” им даваат на своите деца, а колку залудна забава. Како тие растат, нашите ранливи деца поминуваат сѐ повеќе време во изнаоѓање начини на кои ќе се забавуваат отколку на сопственото образование: гледање телевизија, играње видео игри, лутање низ продавници, компјутерски злоупотреби, а по примерот на родителите, својата вредност ја пронаоѓаат во поседување, барајќи ги најновите типови на мобилни телефони и најмодерни конзоли за игриците.

Во нашата средина можеме да забележиме колку такви, емоционално и духовно напуштени деца со кои никој не зборува, дури и кога тие со своите постапки и зборови ги молат “возрасните” за помош. А тогаш, кога со своето однесување ќе ги надминат границите на дозволеното, сите оние кои можеле да ја забележат нивната криза и кои можеле да им помогнат, се прашуваат како такво дете можело да стори кривично дело.

“Ненамерно” воспитување

Нашето општество потфрли токму на спроведувањето превентивни мерки и поучувањето на младите дека човечката душа се развива само додека дава на другите, се грижи и поврзува со нив, а со тоа зајакнува во разбирањето и исполнувањето. И покрај добрите намери на нивните родители, многу од денешните деца ненамерно се воспитани, па така секогаш земаат и никогаш не им даваат ништо за возврат, да собираат, а никогаш да не делат, да поседуваат, а никогаш да не ја ценат вредноста на она што го имаат.

Верувам дека воспитувањето на децата треба да нѝ биде најдобра можност за исполнување, задоволство и радост. Сепак, има надеж, бидејќи вирусот не предизвикува болест од која децата сами се разболуваат, таа е резултат на нивното воспитување. Сè што родителите треба да направат е да го променат своето однесување, така што состојбата на нивните деца ќе се подобри. Само со заедничкото ангажирање на семејството, училиштето и општеството во целина можеме значително да го намалиме насилството во училиштата, но и на улиците меѓу малолетниците.

Споделете со вашите пријатели … !!!

Пишува: Недим Ботиќ, Al Jazeera 

loading...