Колку јајца смееме да изедеме неделно?

7556

Средовечни мажи кои јадат седум или повеќе јајца неделно се изложени на поголем ризик рано да починат, отколку нивните врсници кои не го прават тоа, а дијабетичарите кои ќе изедат и едно јајце неделно, се изложени на поголем смртен ризик, покажало американско истражување кое траело 20 години.

Лекарите од Медицинскиот факултет при Универзитетот на Харвард, наведуваат дека мажите, кои не боледуваат од дијабетес, можат да изедат до шест јајца неделно и со тоа да не го зголемат ризикот од прерана смрт.

Харвардскиот тим ги проучил здравствените извештаи на 21.327 американски лекари, кои учествувале во обемна студија за здравјето на медицинските работници. Лекарите се следени 20 години, од 1981 година, а за тоа време редовно давале извештај за состојбата на своето здравје и начинот на живот.

loading...

Во текот на две децении, 1.550 испитаници доживеале срцев удар, 1.342 шлог, а вкупно починале над 5.000.

Утврдено е дека оние кои јаделе седум или повеќе јајца неделно биле изложени на ризик поголем од 23 отсто да починат за време на 20-годишниот период, а дијабетичарите кои ќе изедат и едно јајце се под двојно поголем ризик да починат од која било причина, а особено од инфаркт или шлог.

Јајцата се богати со холестерол, а кога се конзумираат во поголеми количини, може да предизвика закрчување на артериите и да се зголеми ризикот од инфаркт или шлог.

Меѓутоа, др. Роберт Екел од Универзитетот Колорадо, поранешен претседател на Американското здружение за срце, вели дека јајцата се како и секоја друга храна, ниту добри, ниту лоши.

Значи, јајцата не би требало целосно да се исфрлат од исхраната. Тие се одлични против стресот, бидејќи телото го знабдуваат со белковини, добри се и за имунитетот, бидејќи се едни од ретките намирници кои организмот го снабдуваат со витамин Д.

Исто така, едно јајце дневно покрива 26 отсто од потребите на организмот за фолна киселина. Тоа ги поттикнува функциите на мозокот, го забавува стареењето, и ја јакне сексуалноста.

Лицата кои немаат здравствени проблеми можат слободно да ги конзумираат јајцата, додека оние со зголемен холестерол, треба да консултираат лекар.

loading...