Компир манџа или јанија

455

Компир манџа или јанија е јадење кое традиционално се дава во црквите на празници кога не се пости. Освен за празниците, кога јанијата секогаш се прави со телешко месо, ова јадење често се приготвува и како секојдневен оброк со свинско месо.

Потребно

  • 2 поголеми (или 3 помали) главици кромид
  • 1 кг. свинско месо
  • 3 моркови
  • 7 компири со средна големина
  • 250 гр. доматен сос/домата/свеж пасиран домат
  • 4 – 5 ловорови ливчиња
  • по вкус сол и црн пипер
  • 2 лажици мешан сув зачин
  • 100 мл. масло
  • по потреба вода

Подготовка

  • Кромидот ситно го сечкаме и месото го сечеме на помали парчиња.
  • Ги ставаме во длабоко тенџере со капак, ги посолуваме, го додаваме маслото и оставаме да се крчкаат на тивок оган (3/1,5 на ринглата) 1 час и 10 минути, со повремено промешување (или кога ќе ни испари водата).
  • Во меѓувреме морковите ги миеме, ги лупиме, половина ги сечкаме, а половина ги рендаме.
  • Ги миеме и ги лупиме и компирите. 6 од нив ги дробиме на мали парчиња како за манџа, а седмиот го оставаме цел.
  • Во тенџерето сега ја додаваме најпрво доматата, а потоа зеленчуците, вклучувајќи го и целиот компир.
  • Посолуваме, додаваме црн пипер, го додаваме мешаниот сув зачин, ловоровиот лист и 500 мл. вода. Промешуваме и оставаме така да се крчка уште 10 до 15 минути.
  • Потоа додаваме уште вода, околу 1,3 литри (или по потреба, но не смееме да го преполниме тенџерето сосема).
  • Ја оставаме манџата да ни се крчка, 1,5 до 2 часа (готова ќе биде кога ни се варени компирите).
  • Ја пробуваме дали е солена и доволно зачинета, ако не е додаваме зачини кои сметаме дека недостигаат.
  • Целиот компир го вадиме од тенџерето и го пасираме во чинија на страна. Додаваме и една црпалка од течноста во манџата.
  • Таа смеса убаво ја мешаме и ја додаваме во тенџерето. Убаво промешуваме.
  • На ред е подготовката на запршката. Маслото треба да го вжештиме. Кога е жешко, го додаваме брашното и интензивно мешаме за да ни се изедначи смесата. Садот со запршката го тргаме на страна и ја додаваме лажицата црвен мелен пипер. Пак мешаме брзо, за да ни се изедначи смесата, да добиеме рамномерна, црвена, густа смеса.
  • Ја додаваме во тенџерето со манџата и брзо мешаме да ни се изедначи убаво целокупната смеса.
  • Манџата ја оставаме да врие уште 5 минути, додека компирот не се свари.
  • Откако ќе стивне може да се послужи.
loading...