Конзумирањето месо за појадок придонесува за подобра форма и помалку килограми

2620

Месото е намирница која главно се наоѓа на менито за ручек или вечера, додека тоа претставува редок избор кога се работи за појадокот.

Меѓутоа, ако сакате да останете во форма или да ослабете, британскиот тренер Грег Корнтвејт советува наутро да почнете да јадете токму месо.

– Ако мислите дека јајцата или овошјето се најдобар појадок што можете да го изедете, тогаш треба повторно да размислите, вели Корнтвејт, тврдејќи дека месото е намирница која треба да се јаде во утрински часови.

loading...

Иако многу луѓе јадат месо за вечера, Грег направи листа на идеални појадоци кои се состојат од месо на диви животни, стекови, јагнешко и мелено месо.

– Појадокот на вашето тело треба да даде протеини и масти кои ќе го забрзаат вашиот метаболизам и ќе го избалансираат нивото на шеќер во крвта. Ваквите оброци ќе ве држат сити подолго и ќе ја намалат желбата за шеќер пред ручекот, истакнува Корнтвејт.

Прв предлог е мелено месо со брокула и црвен кромид, пржено на кокосово масло. Овој оброк е богат со цинк, витамини А, Б1, Б12, Б6, железо, калиум и калциум. Ако не сакате мелено месо, тогаш за појадол јадете стек од месо од диви животни. За да добиете оброк богат со витамини A, Б6, Ц, влакна и калиум, подгответе го со домати кои ќе го збогатат вашиот организам со цинк, витамини Б6, Б12 и железо.

Основниот избор на Грег е јагнешко со спанаќ и пиперки, односно доручек богат со магнезиум, железо, цинк, калиум и витамини A, Б2, Б6, Б12, и Ц.

Последениот предлог е скуша пржена на масло со грашак. Овој појадок е богат со протеини, омега-3 масни киселини, витамини A, Б1, Б6 и E, како и калиум, магнезиум, калциум и железо.

– Месото може да биде причина поради која вашите пријателки изгледаат слаби иако конзумираат многу јаглехидрати, заклучува Грег.

loading...