Корисни совети за сите што планираат соло аранжман

1334
Booking.com INT

Доколу сте одлучиле на одмор да заминете без друштво тогаш треба добро да се подготвите. Информирајте се за местото, превозот, хотелите, локалната валута и обичаите, пишува „Вечерње новости“.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Во есен и зима на одмор најчесто патуваат соло патници, кои сакаат да избегнат турканица, врева и високи цени.

Првото патување без друштво особено жените го доживуваат како многу важно искуство, затоа што тоа е моментот кога се надминуваат предрасудите на околината и сопствените стравови. Патувањето без друштво е најдобар начин човекот да се одмори и да си угодува сам на себе.

soloСоло патувањето, сепак, подразбира и многу ризици, осамени моменти и поткрепа на самиот себе. Токму поради тоа пред самото патување е корисно да се прочитаат искуствата на другите патници.

Советот е за секој случај да се направи копија од пасошот, авио-билетот и ваучерот и истите да ги испратите на мејл до самите себе и со пријателите. Исто така, пред патувањето треба добро да се запознае дестинацијата на која се патува. Најважни податоци се како од автобуската станица или аеродромот да се стигне до хотелот, каков е превезот и колку чини. Треба да се информирате и дали однапред да понесете малку пари во локалната валута за купување билети или вода и задолжително да го информирате хотелот доколку пристигнувате во доцните вечерни часови, особено доколку хотелот е мал.

Безбедноста ги загрижува голем број жени кои патуваат сами, но искуствата кажуваат дека крадците помалку ги крадат луѓето кои патуваат сами, затоа што не привлекуваат внимание бидејќи не се во група. Кога се стигнува на дестинацијата со себе носете само еден документ, а другите оставете ги во соба. Бидете внимателни, немојте премногу да верувате на секого и секогаш носете повеќе пари отколку што ќе ви бидат потребни. Чувајте ги на посебно место, во хотелски сеф, а не во паричникот.

Никогаш не пакувајте повеќе работи отколку што можете со леснотија да ги носите, размислувајте дека треба коферот сами да го „влечете“. Облекувајте се практично, а не атрактивно. Потпетиците се убави, но не носете ги секој ден.

solo2

Најголем проблем на соло патникот е како самиот да јаде во ресторан. Во Италија постои име за тој страв на самците: „соломанџарефобија“. Стравот ретко кога е оправдан.

Понесете книга со вас, за да се разонодите во текот на ручекот. Или списание, разгледници. Во кафулињата изберете место на шанкот, разговарајте со келнерите, шанкерите, рецепционерите, тие се добро информирани и можат да ви даваат корисни совети.

На излети и на разгледувања одете со локални водичи, затоа што секако ќе запознаете нови луѓе и ќе слушнете интересни приказни.

Бидете сам свој советник, не правете нешто што не ви одговара само затоа што тоа го прават другите.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...