Користењето на смартфон во тек на ноќта не влијае на сонот

413

За оние кои сакаат навечер да ги користат своите „паметни” телефони и таблет компјутери, дојдоа добри вести. Најновото истражување покажа дека изложеноста на дневна светлина помага во борба со евентуални проблеми со сонот, а кај некои луѓе тоа може да предизвика користење електронски уреди доцна во ноќта.

Истражувањето покажа дека доволното изложување на дневна светлина помага на младите луѓе кои користат електронски уреди, да заспијат навечер. „Не интересираше дали светлината на екранот пречи на сонот и откривме дека таа можност е покомплексна од што се сметаше. Постојат различни важни фактори кои влијаат на тоа, а меѓу нив е и изложеноста на дневна светлина” – изјави Фрида Рангтели од Универзитетот Упсала во Шведска.

Нивото на хормонот мелатонин кој делува на циклусот на спиењето и будењето значително не се менува, покажа истражувањето. „Меѓутоа, луѓето мора да знаат дека користењето на електронските уреди може да доведе до нарушувања на сонот, но поради тоа што содржината на меиловите и социјалните мрежи може емотивно да влијае на нив” – рече проф. Кристијан Бенедикт.

loading...

Претходно истражување го поврзува ноќното користење на смарфоните и таблет компјутерите со нарушувањата на сонот, како и со привремено слепило. Во новото истражување научниците ги споредиле ефектите од ноќно читање на содржини од таблет и од книга, а учествувале 14 мажи и жени од Шведска. Учесниците на експериментот читале од 21 до 23 часот, половина од нив користеле таблет, додека другите користеле книга. Резултатите покажале дека нема разлика во нивото на мелатонинот и параметрите на сонот.

loading...