КОСТЕНОТ КАКО ЛЕК

1062

Есента е годишно доба кое неизбежно потсетува на мирисот на печени костени кој се шири по улиците. А да не ги споменуваме различните деликатеси од костени кои ги има и во солени и во слатки варијанти.

Костенот е долговечно дрво, а познати се примероци кои се стари и повеќе од 500 години. Бил популарен уште во старите времиња, како една од омилените намирници на Римјаните, но античките Грци биле првите кои ги препознале и неговите лековити својства.

Постојат два типа на костени – питом костен (Castanea sativa) и див костен (Aesculus hippocastanum). Питомиот костен е оној кој се јаде, додека дивиот костен се користи повеќе во медицински цели.

loading...

Плодовите на питомиот костен ја чистат крвта и го зајакнуваат имунитетот. Тешко се варат во организмот, но затоа пак даваат многу енергија. Поради нивната хранливост, старите народи ги користеле за општо подобрување на здравствената состојба на организмот, додека во средниот век, питомите костени се користеле како важна намирница во исхраната на посиромашните слоеви. Познато е дека Цезар ги палел шумите со костени во териториите кои ги освојувал за да го уништи овој извор на храна на домашното население.

Дивиот костен се користел како храна за стока, а особено како храна за коњи, па затоа во народниот јазик честопати се нарекува и коњски костен.

Плодовите на костенот се извондредно хранливи и содржат голем број на витамини и минерали меѓу кои се магнезиумот, калциумот, калиумот, фосфорот, зелезото и скоро сите витамини од групата Б.

Плодовите на костенот се користат во исхраната на различни начини – варени, печени, сушени, во вид на брашно и тн. Од листовите на костенот може да се направи вкусен и здрав чај кој содржи дури 95% танин, различни видови на есенцијални смоли и витамин К кој има огромна улога во стопирањето на крварење.

Во комбинација со мајчина душица, костенот може да се користи за третирање на проблеми во системот за дишење. го чисти организмот, помага при болки во грбот и при дијареја. Медот од костен е многу хранлив и лековит. Се применува за лечење на гастритис и проблеми во варењето, го штити дробот и ја подобрува циркулацијата на крвта.

Дивиот костен најчесто се применува за лечење на проблеми со вените, артитис и реума.

Костенот делува како диуретик и има противвоспалително влијание, ги намалува лимфните отоци и помага кај кожни заболувања.Од цветовите на костенот може да се направи тинктура која се користи во лечењето на ревматски тегоби, гихт, артритис и неуралгии. Рецептот за оваа тинктура ќе го најдете во продолжение.

  • Тинктура од цветови од костен

Наполнете едно шише со свежи цветови од див костен и прелијте ги со ракија. Оставете го шишето да стои на топло место 4 недели, а потоа процедете ја течноста. Со добиената тинктура масирајте ги болните места неколку пати дневно.

  • Чај од костени

1 лажица сомелени костени (со се лушпата) прелијте ја со 1 шолја врела вода. Оставете ја течноста поклопена да отстои 15 минути, а потоа процедете. Пијте 1-2 шолји чај дневно.

Овој чај може да помогне кај зголемена простата, проширени вени, хроничен пролив и внатрешни крварења.

http://migusto.mk/lekovitite-svojstva-na-kostenot/

loading...