Кој е виновен што нашите мажи се виновни за сè?

1984

Виновни се, затоа што морале да ги направат тие децата, па ти сега немаш време ниту за себе ниту за него.

Виновни се, затоа што во таа промена на животот откако бебето ќе дојде подразбира 100%, животот тебе ќе ти го промени за 90%, а нему 10%.

Виновни се, затоа што одат на фудбал.
Виновни се, затоа што гледаат фудбал.

Виновни се, бидејќи секогаш има некој спорт на телевизија.
Виновни се, затоа што во куќата имаш и m:tel и ЕЛТА и Тотал.
Виновни се, затоа што немаат ПМС.

Виновни се, бидејќи не знаат. За листата на она што сѐ не знаат консултирајте се со вашата најдобра пријателка.

Виновни се, бидејќи спијат ноќе, додека ти стануваш по седми пат.

Виновни се, бидејќи никогаш нема да дознаат колку многу боли породувањето.

Виновни се, затоа што успеваат и настинка да ја одболат како да е туберкулоза.

Виновни се, затоа што подготовката на оброците им се сведува на “Што ќе јадеме денес?”

Виновни се, затоа што секогаш се чини дека помалку се грижат.

Виновни се, затоа што за нив влакната се fashion.

А кој е виновен што тие за тоа нѝ се виновни?

Па ние. Ние, нивните жени, нивните партнерки, нивните чистачки, готвачки, љубовници, воспитувачки на малите деца.

Ние сме виновни.

Затоа што чекаме да нѝ ги прочитаат мислите.

Затоа што нѝ е полесно да кажеме дека тој е виновен, отколку да видиме со него, зошто тој не би го направил тоа и тоа.

Бидејќи, живците толку ни се тенки, што немаме трпение некои од работите што нам природната мајка со раѓање нѝ ги дала, да ги научиме и нив.

Затоа што понекогаш ја губиме моќта на говорот, јазикот нѝ се врзува, па би му кажале дека не можеме, но што ако тој помисли дека сум некој слабак?

Бидејќи, СЕКОГАШ се поведуваме со онаа “Ај остави го тоа, јас ќе…” затоа што нѝ е полесно (лажно) самите (стапица) да го направиме, отколку да му дозволиме тој да го направи тоа на свој начин. Без разлика што тоа не е нашиот начин.

Бидејќи, се држиме за таа имагинарна круна на главата убедени дека ако понекогаш ја покажеме слабоста, престолот ќе нѝ се одземе.

Бидејќи, своето хоби мазохистички го ставаме настрана, на чекање, додека не го завршиме сето она што за заедницата треба, иако тоа никој декларативно не го барал од нас.

И сега, за нас “времето за себе” премногу лесно преминува во “времето за нас.”

Бидејќи, некогаш свесно ќе одлучиш да не го будиш, за да наредниот ден најмалку три пати би можела да кажеш: Гајле ти е. Ти се наспа, додека јас го носев детето.

Бидејќи, толку сме уморни и само бараме што лошо направил денес, а можеби и тој направил нешто добро?

Виновни сме, затоа што во трката да постигнеме сѐ, тешко на крајот од денот да постигнуваме нешто.

Ние сме виновни затоа што мажите продолжуваат да се сакаат себеси, што не исклучува дека тие нѐ сакаат и нас, само што ние сме заборавиле како тоа се прави.

loading...