Кој е единствениот вистински факт за вашиот знак во зодијакот!

1504

Старата изрека вели: “Никогаш не судете за книгата врз основа на корицата”. Тоа го слушнавме илјада пати, но не е лошо повторно да ја повториме.

Секој хороскопски знак е осудуван. Секој знак го опкружуваат различни предрасуди и заблуди.

Денес ги разоткриваме за да вистинската личност на сите хороскопски знаци конечно заблеска со целосен сјај – како ѕвездата под која сме родени!

Овен (20 март – 19 април)

Иако можеби делувате како гневна и лута личност, вие сте всушност многу приземни и неверојатно трпеливи.

Бик (20 април – 20 мај)

Ве сметаат за тврдоглави личности, но всушност сте одлични во слушањето на другите луѓе и во разбирање на нивните, но и сопствените чувства.

Близнаци (21 мај – 20 јуни)

Вие не се фолирате, иако некои можат така да ја доживеат вашата воодушевеност. Сакате забава и ја мразите драмата.

Рак (21 јуни – 22 јули)

Вие сте многу емотивни, и поради тоа луѓето мислат дека сте претерано чувствителни. Иако имате големо срце за другите, знаете да се грижите и за себе, кога тоа е потребно.

Лав (23 јули – 22 август)

Вие не сте суетни, ништожни, иако уживате да бидете во центарот на вниманието. Всушност, вие сте знак кој другите секогаш ги става пред себе.

Девица (23 август – 22 септември)

Другите погрешно ве сметаат за личност критична кон другите, но на крајот од денот спремни сте добро да се забавувате.

Вага (23 септември – 22 октомври)

Далеку од тоа дека сте слаб противник и дека брзо се предавате, напротив, немате проблем да се заземете и да се борите за другите, без размислување.

Шкорпија (23 октомври – 21 ноември)

Вие не сте посесиви како што луѓето ве гледаат. Вие само делувате така, затоа што сте заштитнички насочени кон семејството и саканите суштества. За нив сè би направиле.

Стрелец (22 ноември – 21 декември)

Вие делувате како оптимистичен знак, но како и сите други, знаете да се загубите во сопствените мисли и премногу да размислувате за сè.

Јарец (22 декември – 19 јануари)

Обично сте искрени и не сте личност која е склона кон глупости, но голема е предрасудата да се мисли дека не умеете да се забавувате. Имате одлично чувство за хумор и знаете како да ја ослободите својата дива страна.

Водолија (20 јануари – 18 февруари)

Вие не сте без срце како што мислат некои. Кога ќе пронајдете некој достоен за вашата љубов, ќе негувате незамисливо чувство кон нив.

Риба (19 февруари – 20 март)

Делувате како повлечена, интровертна личност, онаа која ги турка луѓето од себе, но само го цените времето кога сте сами со своите мисли.

loading...