Кој е подоверлив водич | Интернетот или мапата

461

При организирање на своите патувања луѓето се повеќе се потпираат врз паметните телефони и интернетот, иако „старомодната технологија“ и натаму опстојува.

Една нова студија покажа дека едноставните (хартиени) брошури и мапи и натаму се употребуваат на патувањата.

Истражувањето на универзитетот Бентли од САД покажа дека луѓето и натаму се уште им веруваат на мапите.

loading...

Дури седум од десет туристи земаат брошури и мапи на дестинациите што ги посетуваат, а дури 69 отсто се одлучуваат да посетат некоја земја благодарение на промотивните проспекти.

Вкупно, 95 отсто од патниците изјавиле дека биле под директно влијание на информации од брошури за да посетат некоја атракција за која порано не знаеле дека постои.

pariz

– Тоа што е интересно во ова истражување е тоа што и денес, и покрај тоа што постојат многу извори на информации за туристичките атракции, патниците по пристигнувањето на дестинацијата најмногу им веруваат на печатените брошури и мапи, изјави Јан Крос од универзитетот Бентли.

Истражувањето, што го нарача Меѓународната асоцијација за информирање на посетителите, опфати повеќе од  1.700 испитаници од Северна Америка, Европа и Јужноафриканската Република.

loading...