“КОЈ СИ ТИ” | Изложба на Цветанка Јованова

3410

Уметноста треба да ја сакаш во себе,
а никако себе во уметноста.

Станиславски

Да го живееш животот со полна страст, доживувајќи го до пред екслопзија на интензитетот на бојата, бара голем чекор кој ќе овозможи сеопфатен дискурс на сите нешта околу себе, на сите хоризонти.

Ликовната естетика на Цветанка Јованова во новиот циклус претставува навидум
дискретна ликовна естетика, стишена, мирна, која пулсира одвнатре и ни ги објаснува силните колористички спротивности и сличности. Линиите вибрираат, формите се претопуваат и преклопуваат една во друга, секоја со своја скриена порака, дискретна овој пат, што можеби произлегува од личните естетски сознанија.

Сликите на Цветанка Јованова се изградени со иста значајност на ликовните принципи и елементи, што овозможува градење на композиција, израз, идентитет, доведена до нагласување на симбол, знак, збор, порака, искористени во целост на композицијата, а се во потрага за точна содветна црта – линија, создавајќи ликовна претстава.

Сепак доминацијата е во линијата која и кога се губи или грубо појавува е децидна, точна и е императивот во ликовниот израз на Цветанка Јованова.

Без материјален, само имагитивен свет кој не завршува бидејќи е свет создаден и преполн со мистика, метафора, порака и метафизика.

Тој свет ни го претставува пристапот на Цветанка Јованова како длабок, аналитичен свет кој разнасјува интригира, а истовремено ги разоткрива сите вечни и секојдневни прашања.

Март 2017
Касиопеја Нумоска, ликовен уметник

Отварањето на изложбата е закажано за 21 март во 20.30 ч. – Порта Македонија

КРАТКА БИОГРАФИЈА

Цветанка Јованова е родена во Неготино, Р.Мкедонија, 1979 година. Дипломирала во 2001 година на ФЛУ во Благоевград, Р.Бугарија – отсек графика. Во 2011 година магистрирала на ФЛУ Скопје. Членка на ДЛУМ од 2004 година.

Учесник е на неколку групни изложби во земјата и странство.

Учесник е на преку 100 колонии, работилници и ликовни перформанси во земјата и странство.

Самостојни изложби

2003 – Градски музеј, Неготино
2004 – КИЦ, Скопје
2004 – Дом на култура “Бели мугри”, Кочани
2008 – Музеј на град Скопје, Скопје
2009 – Словачка амбасада во Р.Македонија, Скопје
2011 – Галерија 8, Скопје
2011 – Дом на АРМ, Скопје
2013 – Винарија Стоби, Градско
2013 – Галерија 8, Скопје
2013 – Национална галерија, Тетово
2013 – Музеј на македонската борба, Скопје
2015 – Градска галерија Котор, Црна Гора
2015 – Децата од нашата улица, Скопје
2017 – Порта Македонија, Скопје

Награди

2011 – Добитник е на наградата за акварел “Тофе Шулајковски”

loading...