Коњ или елен? За прв пат снимија мистериозно животно | Видео

2300

Мистериозното суштество, што некои го опишуваат како мелез помеѓу коњ и елен, видено е во Кина.

Животното е снимено на 24 декември во областа на провинцијата Ксинџијанг во близина на езерото Еби границата со Казахстан, а снимката ја проучуваат научниците.

Се верува дека ова е прва снимка на ова суштество, а се претпоставува дека во природата ги има околу 110 единки.

Животното беше откриено во 2004 година, кога еден бил фатен и пратен за ДНК анализа. Се верува дека животното е во род со елените Wapiti, пишува Мирор.