Крањски колбаси со компири во рерна

726

Интересна комбинација на состојки …

Потребно 

  1. 3 крањски колбаси
  2. 4-5 коцки исечени на коцки
  3. 1 страк праз, исечен на тркалца
  4. 1 поголема црвена пиперка, исечена на стапчиња
  5. мајчина душичка
  6. морска сол
  7. лута мелена црвена пиперка
  8. свежо мелен црн бибер
  9. маслиново масло
  10. изрендан пармезан

Подготовка

*Загрејте ја рерната на 200 целзиусови степени.

*Сварете ги компирите во солена вода околу 10 минути. Исцедете ги и ставете ги во подлабока чинија.

*Додадете го празот, пиперката, мајчината душичка, сол, бибер и лута мелена црвена пиперка. Полијте со маслиново масло.

*На крај додадете ги колбасите исечени на тркалца. Убаво истресете го садот за да се измешаат сите состојки.

*Тавата за печење убаво намастете ја и истурете ја целата содржина од чинијата.

*Ставете да се пече во загреана рерна околу 30 минути.

*Пред да го послужите посипете го со рендан пармезан.

loading...