Крвната група го одредува женскиот темперамент | Која КРВ крие идеални сопруги, а која “ѕвезди”?

2935

Кога станува збор за темпераментот, често тука се подразбираат низа психолошки карактеристики: длабочината и стабилноста на емоциите, силата на дејствување, индивидуалните карактеристики на однесувањето …

Постојат многу пристапи и методи за решавање на ова прашање. Јапонците и Корејците, на пример, се придржуваат до теоријата која ги поврзува карактеристиките на темпераментот со крвната група на човекот.

А која е вашата крвна група? Немојте да се изненадите ако вашата анализа во текстот подолу се покаже многу точна. Патем, во Јапонија ден-денес, при вработување, се зема предвид крвната група.

Темперамент на жената според крвна група

0 крвна група

Жените од оваа крвна група се особено егоистични. Во односите со мажите тие се многу љубоморни и страсни. Доминантни и силни личности. Овие претставнички на поубавиот пол се обидуваат да го контролираат својот избраник во сè, така што мажот кој ќе се обиде да ја измами, тешко би му било остварливо.

Овие жени брзо стануваат рамнодушни кон своите мирни и слаби партнери. Вреди да се забележи дека меѓу успешните деловни жени, и познатите лица доминираат жени со оваа крвна група.

Од своите мажи очекуваат среќа, задоволство и нежност. Како сопруги владеат од позадина, и често активно учествуваат во креирањето на кариерата на својот сопруг. Како мајки, пријателски се поставуваат кон децата, а своите амбиции ги постигнуваат преку сопрузите и децата.

А крвна група

Оваа крвна група ги карактеризира жените кои поседуваат трпеливост и смиреност. Многу често за нив се мисли дека се несебични, дружељубиви и многу дисциплинирани. Пред сè, овие жени ценат уредност и удобност. Секогаш се стремат кон бесконфликтно решавање на проблемите.

Но, притоа, носителите на оваа крвна група се многу тврдоглави, а понекогаш и раздразливи. Тие, често се сметаат себеси за потчинети. Во љубовните односи, многу се срамежливи.

Го почитуваат партнерот и неговите квалитети. Сепак, заради емотивната и чувствителната природа, ќе ги откријат своите чувства само кога се сосема сигурни дека нема да бидат измамени и повредени. Како сопруги се идеални. Жената со крвна група А, е мајка која ги гледа и ги поддржува своите деца, но, исто така, бара и многу од нив.

Б крвна група

Овие жени се одликуваат со флексибилноста на нивниот карактер: совршено ја издржуваат осаменоста, но во голем колектив тие се чувствуваат како риби во вода. За разлика од првите две крвни групи, не сакаат да бидат лидери, ниту да бидат потчинети. Но, тие многу добро знаат како да извлечат придобивки од различни ситуации, додека ја чуваат својата независност.

Таквите жени добро се снаоѓаат во друштво. Сакаат флерт. Не треба да изненади фактот дека имаат многу пријатели од спротивниот пол.

Во љубовта, очекуваат нежност и задоволство, среќа и верност, како и постојано внимание на нивните избраници. Во партнерските односи, се чини дека многу бараат и дека се недопирливи, и затоа потешко се одлучуваат за брак. Инаку, кога ќе стапат во брак и ќе станат мајки, тие се многу верни и посветени.

АБ крвна група

Претставничките на оваа крвна група се многу чувствителни и избалансирани. Тие се многу тактични, пристојни и искрени. Покрај тоа, овие дами многу тешко можат да донесат било какви одлуки: буквално ги раскинуваат сомневањата и внатрешните конфликти. Таквите жени често се сакани. Во љубовните односи се многу искрени.

Тие ги обожуваат мажите со авантуристички дух, меѓутоа, уживаат во љубовта само додека им дозволуваат да останат мистични. Како мајки тие се многу попустливи кон децата, благи се и не бараат многу. Успешно наоѓаат мерка за тоа колку можат да бидат пријатели со своите деца.

loading...