КРИКОТ НА ЖЕНАТА | На девојчињата и понатаму во 2017 година им го сечат клиторисот, да не случајно уживаат во сексот!

10765
Booking.com INT

Осми март не е Меѓународен ден на жената, и не им го честитајте на дамите – особено не само на дамите, затоа што само така ќе зелепите шљам на сè она што е Осми март.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Дали разбирате дека до само неколку децении жените дури и во “развиените земји” немале право да гласаат на избори, на пр., а во Саудиска Арабија го добиле дури во 2015 година?

Дали ви е јасно дека жените и понатаму имаат иста работа помалку платена од подеднакво образованите и искусни машки колеги?

Дали ви е јасно дека во 2017 година повторно се расправа за правото на жената над сопственото тело, и тоа не во “фанатичните исламски земји”?

Дали разбирате дека и понатаму ако се слушне: “Женско?! Е добро, нека е живо и здраво… “?

Жените станаа еднакви работници во фабриките само благодарение на Втората светска војна – бидејќи мажите заминале во војна (додуша, оделе и некои жени).

На девојчињата и понатаму во 2017 година им го сечат клиторисот, да не случајно уживаат во сексот.

На девојките им се префла за гардеробата која ја носат, бидејќи “изгледа како курви” и “потоа ѓаволот им е крив.”

На жените кои работат 8h како и нивните сопрузи, сè уште им се вади на нос дека куќата е валкана, а тие запустени.

На жените кои избрале да бидат “само” мајки и домаќинки дури другите жени им префрлаат дека се ниска класа, ги сожалуваат и не ги поднесуваат.

Ниту на една ФБ страница за татковци нема да најдете толку навредливи коментари за другите татковци, отколку ли на страниците за “мајки” и во групите за мајки.

Осми март не е омраза кон мажите. Не се ниту влакнестите женски пазуви, ниту па влакнестите женски нозе (иако слободно можете да ги имате, затоа што тоа е ваше право, како и да ги бричите, затоа што и тоа е ваше право).

  • Заради некој таму осми март, драги пријателки, вие имате право да прошетате до гласачките кутии.
  • Заради некој таму осми март имате право да носите панталони! Иако тоа до само пред сто години беше незамисливо.
  • Заради некој таму осми март имате право да возите автомобили.
  • Да одлучувате во свое име.
  • Да формирате и раководите со компанија.
  • Да бидете полициски службеници, госпоѓи мајори, судии, психолози, гувернери, претседателки на држави, градоначалнички.

Осми март најмалку е ден на дамите.

Осми март е ден на секоја жена. На селанката на нива, политичарката во кампања, рударката, актерката, пејачката – затоа што сите жени треба да имаат право да бидат токму она што тие сакаат, а не “ебени дами”, како што вие мажите си замислувате, и демек само на нив да им честитате Осми март.

Sandra Simonović

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...